Цефтазидим

хемиско соединение

Цефтазидим е цефалоспорин од трета генерација. Има висока активност против повеќето грам-негативни бактерии, вклучително и Pseudomonas aeruginosa.

Спектар на дејство

уреди

Слично на цефотаксим, цефалоспорин од 3. генерација, цефтазидимот има широк спектар на активност против грам-негативни бактерии, но за разлика од цефотаксимот, дополнително и против Pseudomonas aeruginosa и предизвикувачкиот агенс на ретката тропска болест мелиоидоза, Burkholderia pseudomallei.[1] Во грам-позитивниот опсег, цефтазидимот има послаб ефект од цефотаксим, на пример само умерено десјтво противстрептококите и слабо дејство на стафилококите. Тој е неефикасен против МРСА и бактерии кои произведуваат бета-лактамази со проширен спектар (англиски: extended spectrum beta lactamases, ESBL).[2]

Комбинацијата со инхибиторот на β-лактамаза авибактам може да го прошири спектарот на дејство врз отпорни бактерии со блокирање на β-лактамазата произведена од овие бактерии. Во овој случај, за комбинацијата цефтазидим/авибактам се работи за резервен антибиотик.

Индикации

уреди

Цефтазидим треба да се користи првенствено за третман на сомнителни или докажани инфекции со Pseudomonas aeruginosa. [2] Следниве инфекции се одобрени доколку се тешки и предизвикани од патогени чувствителни на цефтазидим: инфекции на респираторниот тракт, инфекции на уринарниот тракт, инфекции на кожата и меките ткива, инфекции на гениталиите, абдоменот, коските и зглобовите и како резултат на хемодијализа или перитонеална дијализа.[3]

Администрација на лекот

уреди

Цефтазидим обично се администрира парентерално како интравенска инфузија. Исто така е одобрен за интрамускулна и интравенска инјекција.[3]

Фармакокинетика

уреди

Цефтазидим практично не се апсорбира по орална администрација. По парентерална администрација, тој има биолошки полуживот од приближно 2 часа.[4] Во серумот околу 10 % од цефтазидимот е врзан за белковините, во повеќето ткива достигнува концентрации кои се над типичните минимални инхибиторни концентрации (МИК) на чувствителни патогени. Елиминацијата е речиси целосно преку гломеруларна филтрација преку бубрезите, затоа дозата мора да се прилагоди при ренална инсуфициенција. Метаболизмот во црниот дроб не се одвива.[3]

Несакани дејства

уреди

Алергиските реакции се многу поретки отколку кај пеницилините. Промени во крвната слика, како што се тромбоцитопенија, леукопенија или еозинофилија, исто така, се случуваат прилично ретко.[2] Други несакани дејства можат да се јават, меѓу другото, како резултат на оштетување на физиолошката бактериска флора, на пр. кандида инфекции во пределот на вагината и устата како и дијареа.[3]

Трговски имиња

уреди

Biotum, Cefaz, Ceftazidime Kabi

Наводи

уреди
  1. White NJ (2003). „Melioidosis“. The Lancet. 361 (9370): 1715–1722. doi:10.1016/S0140-6736(03)13374-0. PMID 12767750.
  2. 2,0 2,1 2,2 Roger Hillert (2009). Antibiotika und Antimykotika (3.. изд.). Wissenschaftliche Verlagsgesellschaft. стр. 64–65. ISBN 978-3-8047-2494-5.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Fachinformation Fortum. 2011-08. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Mutschler, Arzneimittelwirkungen, 9. Auflage, Wissenschaftliche Verlagsgesellschaft Stuttgart, 2008 ISBN 978-3-8047-1952-1.