Цетинградска тврдина
Цетинградската тврдина се наоѓа во близина на градот Цетинград, во Хрватска. За изградбата на тврдината, за нејзиното стратегиско место при одбирањеето на локацијата сè уште денеска не е познато. Римските натписи на камените плочи, кои најверојатно се наоѓаат во Виена, се доказ дека со овие простори некогаш владееле римјаните, односно дека градот во тоа време постоел. Освен тврдината, во нејзина непосредна близина се наоѓа пат, кој ги поврзувал северните делови на Хрватска со Јадранот.
Цетинградска тврдина Tvrđava Cetin | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Цетинград |
Земја | Хрватска |
Во текот на средновековието, градот бил еден од најразвиените на овие простори. Градот бил под владеење на Франкопаните, а по смртта на Иван Франкопан Цетински, градот паднал под владеење на Франкопан Слунџски. По Мохачкаа битка, дошло до ладење на односите помеѓу тогашната унија со Унгарија. Подоцна, тврдината паднала во рацете на Османлиите, и таа била разрушена при преземањето. Во XVIII век, тврдината била обновена. Во следните години, тврдината заедно со градот биле под управа на Австрија, па повторно под Османлиското Царство. Денеска, од тврдината има остатоци.