Бар (единица)

(Пренасочено од Центибар)

Бар (од грч. βάρος = тежина, притисок[1], симб. бар или bar) — единица за притисок еднаква на 100 килопаскали, и приближно еднаква на атмосферскиот протисок на морското ниво. Од барот се изведени единиците: мегабар (Mbar), килобар (kbar), децибар (dbar), центибар (cbar), и милибар (mbar/mb). Овие единици се вонсистемски, т.е. не припаѓаат на SI или СГС, но се прифатени за употреба со единиците на SI.[2] Барот наоѓа широка примена за изразување на притисок бидејќи е само за 1% помал од атмосферата (atm), која се дефинира како точно 1,01325 bar. Како единица е озаконет во земјите на ЕУ.[3]

Карта што покажува атмосферски притисок во милибари или хектопаскали

Барот и милибарот се воведени во in 1909 г. од британскиот метеоролог Вилијам Нејпиер Шо (1854-1945) како директор на Метеоролошката служба во Лондон (1907-20)[4]

Барг“ е единица на манометарот, и означува притисок во барови над амбиентниот или атмосферскиот притисок.

Дефиниција и претворање

уреди

Барот се дефинира со SI-единицата паскал, имено: 1 bar100.000 Pa. Затоа, 1 bar е еднакво на:

Единици за притисок
паскал бар техничка атмосфера стандардна
атмосфера
Милиметар на
живиниот столб
(тор)
фунта на
квадратен инч
Pa bar at atm torr psi
1 Pa ≡ 1 N/m2 10−5 1,0197×10−5 9,8692×10−6 7,5006×10−3 145,04×10−6
1 bar 105 ≡ 106 dyn/cm2 1,0197 0,98692 750,06 14,5037744
1 at 0,980665 ×105 0,980665 ≡ 1 kp/cm2 0,96784 735,56 14,223
1 atm 1,01325 ×105 1,01325 1,0332 p0 760 14,696
1 torr 133,322 1,3332×10−3 1,3595×10−3 1,3158×10−3 = 1 mmHg 19,337×10−3
1 psi 6,895×103 68,948×10−3 70,307×10−3 68,046×10−3 51,715 ≡ 1 lbF/in2


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „бар“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), стр. 127, ISBN 92-822-2213-6 (англиски).
  3. Британски стандард BS 350:2004 „Фактори на претворање на единиците“
  4. Вилијам Нејпиер Шо Архивирано на 29 август 2007 г. (англиски)
Оваа статија содржи материјал од статијата „Bar (unit)“ на Citizendium, кој е под лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 3.0 Нелокализирана, но не и под ГНУ-овата лиценца за слободна документација (ГЛСД).

Надворешни врски

уреди