Центар за пошта во Кардиф

Поштенски центар Кардиф (англиски: Cardiff Mail Centre; исто така познат и како Канцеларија за подредување Пенарт Роуд (Penarth Road Sorting Office)) ― главното седиште и канцеларијата за подредување на Кралската пошта во Кардиф, Велс и е еден од главните центри за пошта за југозападниот дел на Обединетото Кралство.[1]

Центар за пошта во Кардиф, патот Пенарт

Позадина и услуги

уреди

Местото, со површина од 4 акри на Пенарт Роуд, Грејнџтаун, било изградено околу 1972 година, опфаќајќи петкатен административен блок и неколку големи магацини за подредување на поштата.[2] Писмата и пакетите биле подредувани и распределувани со камион до сите делови на Обединетото Кралство. Поштенскиот центар прима и подредува пошта за областите со поштенски кодови CF, NP и LD и ја испраќа до соодветните канцеларии за испорака. Испораките за домаќинства и деловни активности до областите со поштенски кодови CF10, CF11, CF23 и CF24 во центарот на градот се испорачувани во канцеларијата во непосредна близина на Поштенскиот центар.[3]

Странките можеле да подигнат пратки од јавниот приемен простор во главната зграда. Како еден од 100-те најпрометни центри во Обединетото Кралство од септември 2014 година, услугата била нудена 7 дена во неделата, отворајќи во недела попладне.[4]

Во вестите

уреди

Поштенските работници во установата се организирани од Синдикатот на комуникациските работници (Communication Workers Union; CWU) и Центарот е погоден од голем број индустриски спорови. На пример, во мај 2001 година, ниту еден од 110-те работници не пристигнале во раните утрински смени, откако излегле на поддршка на друг мирен протест на Синдикатот во Честер, Англија.[5] Тие се вратиле на работа по три дена кога работниците од Честер го решиле спорот.[6]

Во ноември 2008 година, пожар на главното поле за товарење предизвикало евакуација на 150 работници и ги прекинале поштенските услуги.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Royal Mail Group Ltd. „Mail Centre Addresses“ (PDF). Whatdotheyknow.com.
  2. „Cardiff Head Post Office“. Civil Engineering and Public Works Review. 67 (792–797). 1972. стр. 941.
  3. „Postal services hit by Royal Mail centre blaze“. Wales Online. 10 ноември 2008. Посетено на 4 јануари 2024.
  4. 4,0 4,1 Bevan, Nathan (5 септември 2014). „Sunday opening for major Cardiff Royal Mail sorting office on Penarth Road“. Wales Online. Посетено на 4 јануари 2024.
  5. „Postal strike continues“. BBC News. 24 мај 2001. Посетено на 4 јануари 2024.
  6. „Postal workers call off strike“. BBC News. 25 мај 2001. Посетено на 4 јануари 2024.