Ценовен показател

(Пренасочено од Ценовен индекс)

Цените претставуваат паричен облик на вредностите на стоките и услугите изразени во пари. Податоците за движењата на цените претставуваат многу значаен инструмент на економска политика и имаат големо значење во целокупниот развој на стопанството на државата. Движењата на цените се предмет на статистичко набљудување со цел да се обезбедат податоци неопходни за водењето на ваквите политики.

Со користење на претставителниот метод, статистиката на цените обезбедува податоци што го прикажуваат реално општото движење на цените на пазарот во определено време и простор.

Динамиката на цените се набљудува во стоковниот промет на пократки периоди од една година (месечно, квартално, полугодишно). Промените на цените се изразуваат во релативни вредности, т.е. во индекси со кои се следи тенденцијата на таквите промени (пораст, опаѓање).

Статистиката на цените ја следи динамиката на:

  • продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар,
  • продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари,
  • продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно,
  • цените во угостителството,
  • цените на мало и на трошоците на животот, како и на трошоците на животот според класификацијата COICOP
  • цените во земјоделството
  • цените на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазари.

Во рамките на статистиката на цените, освен движењето на цените, се следи и движењето на вредноста, при што како предмет на проучување се јавуваат:

  • откупот и реализацијата на земјоделските производи,
  • трошоците во градежништвото.

Историја на ценовен индекс

уреди

Нема јасни податоци за појавата на ценовниот индекс. Најраните пријавени истражувања од оваа област доаѓаат од велшкиот поет Хенри Рајс кој ја испитувал промената на нивото на цените во неговата книга "A Discourse of Coin and Coinage" (Дискурсот на монети и ковањето на монети). Рајс сакаше да го раздели инфлаторното влијание на прилив на благородни метали покренати од страна на Шпанија од валутното обезвреднување. Рајс направил споредба на законите од неговото време со законите од времето на Едвард III.Со овие закони поставил плати за одредени задачи и обезбедил одржување на нивото на платите. Рајс образложил дека пазарот на основни работи не флуктуирал многу со текот на времето и дека со основната работничка плата ќе го купи истиот износ на добра во различни временски периоди,така што работничката плата дејствуваше како кошничка на добра. Анализите на Рајс покажаа дека нивото на цените во Англија се искачи од шест на осум пати во текот на минатиот век. Рајс прв го започнал истражувањето за индексот на цените, но неговата анализа всушност не ја вклучува пресметката на индекс. Во 1707 англичанецот Вилијам Флитвуд го создал првиот вистински ценовен индекс. Еден студент од Оксфорд побарал Флитвуд да им помогне и да им покаже како цените се промениле. Флитвуд, кај кој веќе имало интерес за промените на цените, собрал многубројни податоци за цените стотици години наназад. Флитвуд предложил индекс кој се состои од просек на цените и ги користи неговите методи за да покаже дека вредноста на £5 ќе се промени во голема мера во текот на 260 години. Откако го завршил истражувањето своите наоди ги објавил анонимно.

Индекси на цени

уреди

[1]
Ценовен индекс во светските градови

Релативните промени на цените, извршени во текот на набљудуваниот период се прикажуваат со индексот на цени.Пресметковно индексот на цени се добива како однос на цената од дадениот период спрема цената од друг период што сме го зеле за базичен.Постојат два вида на цени: поединечни и групни. Поединечните индекси на цени (Ip) ги покажуваат релативните варијации на цените на по оделните производи,а се пресметуваат како однос на цените од тековниот период (p1) со цените од базичниот период (p0) и тоа според формулата:

Ip= p1/p0∙100

Овој вид на индекс не може да ни даде една целносна слика за движењето на цените, бидејќи поединечните индекси ќе покажат различни тенденции за секој производ,од што сè уште не произлегува една општа тенденција, што ги изразува промените во нивото на цените на сите набљудувани производи. Мерењето на тие промени е задача на групните индекси. Во статистичката литература групните индекси уште се нарекуваат агрегатни,множествени или синтетички.Тие ја изразуваат динамика, односно релативните промени на повеќе сродни појави.Групните индекси на цени може да се пресметаат по методот на агрегати и методот на просечни односи (метод на средни индекси).

Индекс на цени на големо

уреди

[2] Индексот на цени на големо ги изразува вкупните релативни промени на цените на производителите на индустриски производи,цените на производителите на земјоделски производи и цените на индрустриски производи во трговија на големо.Со други зборови тој го покажува движењето на цените во продажбата на големо.Смислата на овој индекс може да се расчлени на неколку специфични задачи.

-Индексот на цени на големо ни ја покажува положбата на производителите на пазарот.Заедничкиот индекс на цените на големо и делумниот индекс на цените на големо претставуваат значајна информација за водење на економска политика.Индексот на цени на големо треба да послужи како мерка на варијациите на куповната моќ на парите.Секој пораст на цените на големо значи смалување на куповната сила на парите бидејќи на исто количество на добра мора да се обезбеди поголемо количество на парични единици.Ваквата улога на индексот на цените на големо произлегува оттаму , што овој индекс е сеопфатен.Тој ја изразува мерката на промените на цените на сите стоки што се предмет на прометот во земјата вклучувајќи ги и увезените стоки од странство,и тоа , како производите за широка потрошувачка така и производите , што служат за репродукција.

-Индексот на цени на големо има посебно значење како редукционен фактор при пресметување на индексот на физичкиот обем на производство во индустријата и земјоделството , односно при пресметување на физичкиот обем на прометот во трговијата на големо.

Индекс на цени на мало

уреди

[2] Индексот на цени на мало ги покажува релативните промени на цените, по кои трговијата на мало, поединечните производители и вршители на услуги ги продаваат истите на крајните потрошувачи.Основна задача на индексот на цени е тоа што тој треба да ја покаже ситуацијата на потрошувачите во однос на промените кои се случуваат на пазарот.Оттука произлегуваат низа специфични белези на индексот на цени на мало. Во овие белези спаѓа карактерот на самата цена на мало,како предмет на опфаќање на овој индекс.

Цените на мало се цени по кои крајните потрошувачи ги плаќаат производите за широка потрошувачка и услуги.Тие во регулираниот промет се јавуваат во два вида:

  • Трговска мрежа на мало-ги обавува посредничките услуги на населението,правејќи му ја достапна потребната стока.
  • Пазарниот промет –кој на одредено место и време се обавува било со учество на продавниците од трговската мрежа или пак

со учество на поединечните земјоделски производители, како непостедни продавачи на своите производи на потрошувачите. Низ прометот на мало поминува само еден ограничен број на производи на земјата (финални производи) кои служат за задоволување на потребите на населението.Тоа се производи за широка односно масовна потрошувачка.

Опфаќајки ограничен дел од општиот промет во земјата,индексот на цени на мало се разликува од индексот на цени на големо во тоа што не може да се употреби како општо мерило за нивото на цените во земјата или како мерило на куповната сила на парите.

Посебна задача на индексот на цени на мало е да служи за статистичка анализа на стоковниот промет на мало како редукционен фактор,при пресметување на индексот на физички обем на стоковниот промет на мало.

Цените на мало во најголема мера се одредени од локалните фактори, кои влијаат врз нивното формирање.Тоа произлегува оттаму што цените на големо се утврдуваат на местото на производителот, а оние на мало се бараат на местото на понудата на мало, односно во продавниците каде што тие се наоѓаат.Поради тоа на нив влијае висината на транспортните трошоци,висината на данокот и друго.

Толкување и примена на индексни бројки

уреди

[3] Индексните бројки имаат голема примена во економското истражување на појавите. Во статистичките публикации на Заводот за статистика на Македонија се објавуваат мошне важни индекси за анализа на динамиката на економските појави.Меѓутоа треба да се има предвид дека индексните бројки ги изразуваат само релативните промени на појавите а не и нивното апсолутно ниво. Компарацијата на индексните бројки без набљудување на нивото на базата во однос на која се мерат релативните промени не дава целосна претстава за набљудуваните појави. Релативната смисла на индексните бројки треба да се има предвид и од аспект на нивното значење спрема базичниот период кој секогаш изнесува 100, а тоа всушност ја означува само појдовната основа а не и подеднакво ниво .За секој земја најголемо значење имаат индексите односно стапките на растеж на општествениот производ и националниот доход.Бидејќи општествениот производ и националниот доход се искажуваат во тековни вредности односно по цени формирани во тековната година (тековни цени ) поради тоа индексот на вредност ги изразува релативните промени на тековните (номиналните) вредности. За да можеме да ги утврдиме реалните промени на вредноста е потребно да формираме податоци односно временска низа за општествениот производ и национален доход по постојани цени. Добиените серии на податоци по постојани цени го покажуваат обемот на вредноста на економската активност изразен во парични единици со иста куповна цена. Индексите на промените на општествениот производ и национален доход, пресметани по постојани цени , всушност ги изразуваат само промените во физичкиот обем на производството и услугите.Поради тоа за да можат да се добијат податоци за промените на реалните вредности на споменатите агрегати треба номиналните вредности да се поделат со индексот на цени односно да се подложат на постапката наречена дефлација.

Во областа на цените ги наоѓаме:

  • индексите на цени на производителите на индустриски и земјоделски производи
  • индекс на цени на индустриски производи во трговијата на големо,
  • индекси на цени на мало на производите и услугите
  • индекси на трошоците на животот и други.

Индекси на цени на производителите на индрустриски производи ги покажува промените на просечните месечни или годишни цени на овие производи.

Индекси на цени на производителите на земјоделски производи (откупни цени) по сектори се пресметуваат по пат на пондери кои претставуваат структура на годишните вредности на откупот,односно структура на вредностите на продадените количини на производи од сопствено производство на претпријатијата.Вкупниот индекс на откупни цени се пондерира врз основа на учеството на поединечниот и општествениот сектор во вкупниот откуп.

Индекс на цени на производителот (PPI) постои од 1890 и порано се нарекувал Индекс на цени при продажба на големо. Исто така овој индекс се публикува од страна на американското биро и ги рефлектира промените на цените на над 3400 добра.

Dow Jones-овиот[4] просечен индустриски индекс (DJIA) претставува индекс на цени на акции и затоа можеби би било подобро да се каже дека тој е "индикатор" отколку индекс.Тој всушност претставува просечна цена на акции на 30 специфични индустриски компании.Овој индекс денес е повеќе психолошки индикатор кој го претставува генералното движење на цените на Њујоршката берза.

S&P 500 Index[4] (Standard and Poor's Composite Index of Stock Prices]) ја претставува цената на композицијата на 500 слични акции(акции на слични компании).Се смета дека тој дава добра рефлексија на пазарот во споредба со DJIA.

Наводи

уреди
  1. Славе Ристески;Билјана Секуловска-Габер:Економска статистика.Економски факултет,Скопје 2004
  2. 2,0 2,1 Гордана Библиовска:Економска статистика.Економски факултет,Скопје 2006
  3. Славе Ристески;Драган Тевдовски: Статистика за бизнис и економија. Економски факултет, Скопје 2010
  4. 4,0 4,1 Пол Њуболд; Вилијам Л. Карлсон; Бети М.Торн: Статистика за бизнис и економија. Магор, Скопје 2010

Надворешни врски

уреди