Цемент (substantia cementum) е минерализирано сврзливо ткиво кое се протега од вратот на забот до врвот на коренот на забот т.е го покрива дентинот во пределот на коренот на забот. Со цементот кое претставува тврд дел на забот, се остварува контакт со околните ткива (периодонциум)преку колагени влакна. Цементот е со помала тврдина од дентинот и има жолтеникава боја. Содржи 45% неоргански материи и 55% органски материи. Карактеристично за цементот е што одејќи од цементно-емајловата граница кон врвот на забот неговата дебелина постапно се зголемува така што на самиот врв на забот е најдебел и го формира отворот на коренот на забот (foramen apicis dentis)

Катник кај човек со прикажани делови, меѓу кои и цементот.

Поделба на цементот

уреди

Цементот се дели на бесклеточен и клеточен. Нивното целосно разграничување не е целосно утврдено, се смета дека бесклеточниот дел е најзастапен во горните две третини од цементот, додека клеточниот дел е застапен во долната третина од цементот, најгусто во самиот отвор на врвот на коренот на забот. Клетките на цементот се нарекуваат цементоцити.

Типови на влакна во цементот

уреди

Цементот содржи 2 типа на тенки влакна: тенки колагени влакна и дебели колагени влакна. Тенките колагени влакна се протегаат паралелно на површината на забот, додека дебелите колагени влакна се протегаат под прав агол на површината на забот. Краевите на овие влакна од една страна се поврзуваат со периостот, а од другата страна со цементот на забот и тие краеви се нарекуваат Шарпееви влакна.