Периодонциум е сврзливо ткиво, сместено меѓу коренот на забот и ѕидот на коскената чашка во кој се сместени коренот или корените на забот, наречен забна алвеола. Периодонциумот влегува во состав на Парадонциумот кој претставува потпорен апарат на забот составен од повеќе структури.

Функции на периодонциумот

уреди

Периодонциумот се одликува со повеќе функции значајни за стоматогнатниот систем.

Формативна Функција

уреди

Во периодонциумот се наоѓаат повеќе видови на клетки кои учестуваат во формирањето соодветни ткива а тие се: Цементобласти (учествуваат во создавањето на цементот на забот), Остеобласти (учествуваат во создавање на коскено ткиво) и Фибробласти (создаваат влакна)

Потпорна Функција

уреди

Периодонциумот ја одржува врската на забот со околните ткива.

Сетилна функција

уреди

Се остварува преку нервните влакна присутни во периодонциумот.

Нутритивна функција

уреди

Се остварува преку крвните садови присутни во периодонциумот.

Структурна организација на периодонциумот

уреди

Главната структура на периодонциумот ја сочинуваат два типа на влакна: 1.Дебели влакна кој се здружени во снопови и тие го поврзуваат периодонциумот со алвеоларната коска и гингивите. Тоа се основните влакна на периодонциумот, меѓу нив се наоѓаат 2.Тенки влакна на периодонциумот кој се индиферентини.

Овие влакна се густо испреплетени во снопови кои се протегаат во различни правци, па врз основа на тоа тие се поделени на две групи: 1.Гингивална група (која се протега од цементот до гингивите) и 2.Алвеоларна група (која се протега од цементот до алвеоларната коска). Секоја група има свои подгрупи.