Цедевита е хрватско претпријатие кое ги интегрира развојот, производството, маркетингот и продажбата на инстант пијалацичаеви и кондиторски производи наменети за здрава исхрана. Многу години Цедевита д.о.о. својата палета на производи ја развивала во рамките на фармацевтската компанија Плива Архивирано на 16 декември 2012 г., а во јули 2001 година станала дел од Атлантик Групацијата.

Лого на Цедевита

Историја

уреди

Производите кои денес се во асортиманот на Цедевита д.о.о., повеќе од 40 години се произведуваат како спој на традицијата за производство на диететски производи и високите критериуми за квалитет во фармацевтската индустрија. Првиот Цедевита инстант пијалак бил направен во 1969 година, а во 1970-тите години тој бил пуштен на пазарот. Го патентирал магистерот по фармација, Мартин Станковиќ.[1] Првата Цедевита имала вкус на портокал. Тогашната Цедевита била пакувана во стаклени шишенца кои заедно со лажиче за дозирање биле пакувани во картонска кутија. Првиот производот повеќе потсетувал на лек, а се продавал само во аптеки. Но, бидејќи брзо станала популарна, почнала да се продава и во продавниците за широка потрошувачка. Во 1985 година, започнало производство и на Цедевита со вкус на лимон, а во 1990 година и со вкус на грејпфрут. Со тек на годините биле создавани нови вкусови на Цедевита, а почнала и продажба во хорека (хотел/ресторант/кафе) каналот. Од 2010 година, Цедевита се пакува со посебен, нов затворач, со кој се одржува свежината и квалитетот на витамините.

Инстант пијалаци

уреди

Зборот Цедевита воглавно асоцира на инстант пијалаците кои ги произведува ова претпријатие. Постојат 8 вида на Цедевита напитоци, како и Цедевита од портокал за деца и Цедевита лајт за дијабетичари:

  • Цедевита портокал (најпозната и најчесто рекламирана)
  • Цедевита лимон (втора со најпознат вкус)
  • Цедевита мандарина
  • Цедевита грејпфрут
  • Цедевита лимета
  • Цедевита црвен портокал
  • Цедевита брусница
  • Цедевита со вкус на шумско овошје

Позиција на пазарот

уреди

Потрошувачката на Цедевита била долго време врзана само за домаќинствата, но со влегување во продажба преку хорека (хотел/ресторант/кафе) каналот, денес во повеќето кафулиња во Хрватска и во регионот може да се ужива во вкусот на пијалаците на Цедевита. За активни луѓе кои се постојано во движење, направена е Цедевита GO! во иновативно пакување, кое поради специјалниот затворач овозможува да се приготви било кога и било каде. Цедевита д.о.о. има водечка позиција (преку 50% од пазарот) во сегментот на инстант витаминските пијалаци на пазарот во Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.[2]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Umro Martin Stanković, otac popularnog napitka Cedevita“ (хрватски). Посетено на 2018-05-21.
  2. north2.net. „Cedevita | Početna“. www.cedevita.com. Посетено на 2018-05-21.