Цвеќиња во стаклена вазна

Цвеќиња во стаклена вазна на делумно обвиткан камен раб — цветна слика од Николас ван Верендел која потекнува од околу 1667 година и се наоѓа во колекцијата на Музејот Суермонт-Лудвиг во Германија.[1]

Цвеќиња во стаклена вазна на делумно обвиткан камен раб од Николас ван Верендел.

Рана историја и создавање

уреди
 
Сликарство со венец во Прадо

Николаес ван Верендал бил почитуван сликар на цвеќиња во Антверпен кој работел со Јан Давидс де Хем, меѓу другите сликари. Раното потекло на оваа слика е непознато, но истата може да се датира врз основа на другите дела на Ван Верендел, како што е неговата слика со венец во Прадо, која долго време му се припишувала на Јан Бројгел Постариот, кој почнал да слика цветни слики во Антверпен половина век претходно.

Опис и толкување

уреди

Оваа слика датира од периодот во Антверпен кога оранжериите станале популарни меѓу благородништвото и патроните нарачувале слики за да ги одбележат нивните лични триумфи во оранжериите. Сите цветови не расцутуваат во исто време па на сликите на кои биле прикажани цветовите повеќе биле наменети за декорација отколку за ботаничка точност. Во делото се прикажани следниве видови цветови: Rosa alba, латинче, гулабови очи, рузмарин, лале, delphinium, aquilegia, калинка, rosa centifolia.[2]

Подоцнежна историја и влијание

уреди

Оваа слика била складирана за чување за време на Втората светска војна во Албрехтсбург во Мајсен, од каде била пронајдена и земена од страна на советски трупи во 1945 година. Сликата некако завршила во сопственост на германски државјанин кој подоцна мигрирал во Канада. Сликата се појавила на уметничкиот пазар во 70-тите години, по што по 70 години сликата е вратена во музејот.[3]

Наводи

уреди
  1. „Flowers in a glass vase on a partly draped stone ledge“. Suermondt-Ludwig-Museum.
  2. „RKD Research : Databases & Advanced Tools Facilitating Art Historical Research“. doi:10.1163/2950-4643. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. Badcock, Sarah (2016-10-06). Life in Exile. Oxford University Press. стр. 70–105.