Цветен чај
Цветен чај или расцветувачки чај (кинески: 香片, 工艺茶, или 开花茶) е чај кој е составен од снопче сушени чаеви листови околу исушен цвет.[1] Ваквата врста чај се прави со соединување на чаеви листови и цвет во вид на снопче или топче, и потоа сето тоа заедно се остава да се исуши.[1] Кога се става во чаша со топла вода, снопчето се одвиткува и симулира процес на расцветување на цвет,[2] па така цветот е во средишниот дел од расцветаната композиција.[3] Најчесто ваквите чаеви потекнуваат од покраината Јунан во Кина.[4] Најчести цветови кои се користат за ваквите цели се амаранта, хризантема, јасмин, лилјан, хибискус и османтус.[2]
Овој вид на чај или е современ кински пронајдок или или постара кинеска традиција.[2][5] Снопчето може да се користи неколкупати без да му даде горчлив вкус на чајот.[5]
Галерија
уреди-
Чаша чај со цвет
-
Целен чај со расцветан цвет
-
Расцветан цвет во чај
Наводи
уреди„Цветен чај“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 Gold, Cynthia; Stern, Lisë (2010). Culinary tea: More than 150 recipes steeped in tradition from around the world. Philadelphia: Running Press. стр. 274. ISBN 978-0-7624-3773-3.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 "On Food: Stop and savor the flowering teas", Hsiao-Ching Chou, Seattle Post-Intelligencer, May 1, 2007.
- ↑ Richardson, Lisa Boalt (2009). Tea with a twist: Entertaining and cooking with tea. Eugene, OR: Harvest House Publishers. стр. 12. ISBN 978-0-7369-2579-2.
- ↑ "The Cup that Still Cheers", Caterer and Hotelkeeper, 20 October 2005.
- ↑ 5,0 5,1 "What is Flowering Tea?", WiseGEEK.