Цветан Цветанов (роден на 8 април 1965 во Софија) е бугарски политичар и министер за внатрешни работи на Бугарија и вицепремиер во периодот од 27 јули 2009 до 13 март 2013. Освен тоа, тој е и потпретседател на партијата ГЕРБ и одговорен министер за Државната агенција за национална безбедност.

Цветан Цветанов
Вицепремиер
На должноста
јули 2009 – 2013
Министер за внатрешни работи
На должноста
27 јули 2009 – 13 март 2013
Претходник Михаил Миков
Наследник Петја Прванова
Лични податоци
Роден(а) 8 април 1965
Софија, Бугарија
Партија ГЕРБ

Во 1987 година Цветанов започнал да работи во Народната милиција. Во 1992 година завршил факултет на Националната спортска академија (НСА) како учител по физичко воспитување и тренер по атлетика. Во 2000 се здобил со диплома по право на УНСС. Од 1997 година работел во администрацијата во Министерството за внатрешни работи, а по 2001 година станал еден од најблиските соработници на тогашниот генерелен секретар Бојко Борисов.

Во 2004 година специјализирал во Мадрид за глобалниот тероризам, а се здобил и со други признанија како специјалист во Сикрет сервис во Вашингтон, внатрешна сигурност на САД итн. Во 2005 година кога Бојко Борисов ја напуштил функцијата во МВР, Цветанов тргнал по неговите стапки, станувајќи заменик градоначалник на Софија. Следната 2006 година Борисов ја основал партијата ГЕРБ, а Цветанов станал нејзин потпретседател. По победата на изборите, Цветанов станал вицепремиер и министер за внатрешни работи.