Царски двери

(Пренасочено од Царските двери)

Царски двери, свети порти или прекрасни порти – двокрилна врата спроти престолот (пред олтарот) на главниот влез на иконостасот во православните цркви. Царските двери водат до олтарот на храмот и ги симболизираат портите на рајот.

Царските двери на иконостасот во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп

Историја

уреди

Во древните христијански катакомбни храмови олтарот бил одвоен од останатиот дел од храмот со два симболични столба или посебна преграда. По големиот раскол на христијанската црква (1054 година), олтарната преграда делумно е сочувана на запад (но најчесто е многу ниска бариера пред која се причестува на коленици, или воопшто ја нема), а во православната црква се развила во иконостас, а отворот станал царски двери (свети порти).

Икони на царските врати

уреди
 
Иконостасот со царските двери на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица

Како правило на дверите се претставени четворицата евангелисти и Благовештение како симбол на тоа што портите на рајот повторно се отвораат за луѓето. Поретко се претставени и други субјекти. Доколку крилата на дверите се ниски, може да нема никакви слики на нив. Во македонската традиција лево од царските двери е сликата на Богородица, а десно на Христос. Ова правило не е строго во православните цркви. На второ место од десната страна на царските двери се поставува икона на светецот или празникот по кој е осветена црквата.

Надворешни врски

уреди