Цадик

благочестив Евреин во хасидизмот
(Пренасочено од Цадиким)

Цадик (хебрејски: צדיק, "праведен"; во множина цадиким) е титула која, според традицијата на јудаизмот, генерално се дава на оние кои се сметаат дека се праведни, како духовни учители или ребе (רבי), во хасидизмот. Коренот на зборот цадик е цедек (צדק) што значи правда или праведност. Значи, терминот, во основа, се однесува на оној кој постапува праведно, а во Кабалата, цадикот се смета за посредник помеѓу Господ и еврејскиот народ.

Мојсеј им зборува на децата од Израел.

Во Танахот, зборот "цадик" особено се појавува во Книгата на Создавањето 18:25 кога Аврам се обидува да ги спаси праведните од Содома и Гомора.

На арапски зборот/името "сидик" (صادق), има слично значење. Името на Волтеровиот сатиричен роман Задиг исто така доаѓа од овој збор.