Цел за одржлив развој 3
Цел за одржлив развој 3 (скратено ЦОР 3) — трета од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел постигнување „добро здравје“. Официјалниот текст гласи: „да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите од секоја возраст“.[1][2]
ЦОР 3 се стреми кон постигнување сеопфатно здравство коешто ќе овозможу правичен пристап до здравствените услуги за сите мажи и жени. Целта предлага да се стави крај на спречливата смртност на новороденчиња, доенчиња и деца до петгодишна возраст (смртност на новороденчиња), како и на епидемиите.[2]
Вниманието насочено кон здравјето и благосостојбата исто така вклучува потцели поврзани со спречувањето на злоупотребата на психоактивни супстанции, смртните случаи и повредите во сообраќајни незгоди, како и загадувањето.[3] Целта има 9 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година.[4] Потцелите се однесуваат на и покриваат различни гледишта на здравиот живот и здравиот начин на живеење. Напредокот кон остварување на потцелите се мери со помош на 21 показател..[4]
Доброто здравје е суштинско за одржлив развој. Тоа е насочено кон економската и социјална нееднаквост, урбанизацијата, глобалното затоплување, постојаниот товар од ХИВ и други инфективни заболувања, но и незаборавајќи ги растечките предизвици поврзани со незаразните болести.[5] Имајќи ја предвид пандемијата на коронавирус, се јавува потреба да се посвети особено внимание кон постигнувањето добро здравје и благосостојба на светско рамниште.
Наводи
уреди- ↑ „Цели за одржлив развој Архивирано на 18 јануари 2021 г.“. Регионален центар за животна средина.
- ↑ 2,0 2,1 United Nations (2015) Resolution adopted by the General Assembly on 25 September 2015, Transforming our world: the 2030 Agenda for Sustainable Development (A/RES/70/1)
- ↑ „WHO - UN Sustainable Development Summit 2015“. WHO.
- ↑ 4,0 4,1 Ritchie, Roser, Mispy, Ortiz-Ospina (2018) "Measuring progress towards the Sustainable Development Goals." (SDG 3) SDG-Tracker.org, website
- ↑ „Goal 3: Good health and well-being“. UNDP (англиски). Посетено на 2020-08-26.