Хјуберт Селби
Хјуберт „Каби“ Селби Јуниор (27 јули 1928 - 26 април 2004) - американски писател. Неговите најпознати романи се Последниот излез за Бруклин (1964) и Реквием за сон (1978), во кои ги истражува секојдневниот живот во Њујорк. Двата романи биле адаптирани подоцна како филмови, а тој се појавил во мали улоги и во двата филма.
Хјуберт Селби | |
---|---|
Податотека:Hubert Selby Jr.jpg | |
Роден/а | 27 јули 1928 Бруклин, Њујорк |
Починат/а | Предлошка:Death date and given age Лос Анџелес, Калифорнија |
Занимање | писател, поет, сценарист |
Книжевно движење | модернизам, бит генерација |
Значајни дела | Последен излез за Бруклин, Собата, Реквием за сон |
Сопруг/а | Инез Тејлор Џудит Лумино Сузана Шо |
Деца | 4 |
Селби пишувал за суровиот живот во подземјето за што ретко било пишувано во литературата. Неговиот прв роман бил критикуван во Велика Британија поради непристојност во 1967 година и бил забранет во Италија, предизвикувајќи некои водечки автори како Ентони Берџес, да го бранат. Тој бил многу влијателен на повеќе генерации писатели; повеќе од 20 години, научил творечко пишување на Универзитетот во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, каде што живеел по 1983 година.
Животопис
уредиХјуберт Селби е роден во 1928 година во Бруклин , Њујорк. Татко му бил трговец морнар и поранешен рудар за јаглен од Кентаки. Семејството се преселило во Беј Риџ , каде што посетувал државни училишта. Неговиот детски прекар, „Каби“, му останал цел живот.
Селби се откажал од училиште на возраст од 15 години, за да работи на градските пристаништа, пред да стане поморски трговец во 1947 година.[1] Таа година, додека бил на море, Селби се разболел од туберкулоза.
Тој бил симнат од бродот во Бремен, Германија, а потоа бил испратен во САД. Во следните три и пол години, Селби бил често во државните болници.[2]
Селби примал експериментален третман со лекот стрептомицин, кој подоцна предизвикал некои тешки компликации. За време на операцијата, хирурзите му отстраниле неколку ребра на Селби за да стигнат до белите дробови. Едното белодробно крило му било отстрането, како и дел од другото. Селби имал хронични белодробни проблеми до крајот на својот живот, поради што редовно добивал лекови против болки, меѓу нив морфиум, заради што станал зависник.
Без никакви квалификации, без работно искуство и со лошо здравје, Селби не можел да најде работа. Тој се оженил со Инес В. „Слабата“ Тејлор и имале две деца, ќерката Клаудија и синот Кајл. Тој ги чувал децата додека неговата сопруга работела.
Во следните десет години, Селби бил претежно во кревет, и често бил хоспитализиран поради разни болести поврзани со белите дробови. Гилберт Сорентино, пријател од детството кој станал писател, го поттикнал Селби да пишува. Селби рекол: „Ја знам азбуката. Можеби би можел да бидам писател.“[3]
Без формална обука, Селби користел едноставен јазик за да го прикаже мрачниот и насилен свет кој бил дел од неговата младост. Тој рече: „Јас пишувам, делумно, по уво. Слушам и чувствувам и гледам, што пишувам. Отсекогаш сум бил воодушевен во музиката на говорот во Њујорк.“[4]
Првите дела
уредиСелби почнал да работи на својот прв расказ „Кралицата е мртва“ во 1958 година. Во тоа време, тој нашол работа преку ден, па затоа пишувал навечер. Во текот на денот, работел како секретар, придружник на бензинска пумпа и хонорарен текстописец. Расказот ја пишувал бавно во наредните шест години пред да ја објави.
Во 1961 година, неговиот расказ „Тралала“ бил објавен во весникот Провинстаун (The Provincetown Review), како и во весниците Преглед на Црната Планина и Нови насоки. Неговиот неструктуриран стил и груби описи го поддржале неговото портретирање на семениот живот (прогонуван со насилство, кражба и медиокритетска пара-уметност) и групно силување на проститутка. Голем број критичари ги нападнаа темите и грубоста на приказната. Уредникот на списанието бил уапсен за продажба на порнографска литература на малолетници. Списанието се користело како доказ во судењето за блуд, но случајот подоцна бил отфрлен после жалба.
На 24 октомври 1964 година, Селби се преженил со Џудит Лумино, но бракот наскоро се распаднал. Додека продолжил да пишува, неговиот долгогодишен пријател Лирој Џонс (подоцна Амири Барака), поет и драматург, го охрабрил да го контактира Стерлинг Лорд, тогашниот агент на Керуак. Селби ја комбинирал „Тралала“, „Кралицата е мртва“ и четири други лабаво поврзани раскази како дел од неговиот прв роман, Последен излез за Бруклин (1964). Романот бил прифатен и објавен од страна на Гроув Прес, а во ноември 1964 година, книжевниот критичар на Њујорк тајмс, Елиот Фремонт Смит, го опишал романот како „брутална книга“, заклучувајќи дека „не е книга која се препорачува - освен можеби на писатели. За тие кои сакаат да го прочитаат, романот заслужува внимание.“[5]
Романот го ценеле многумина, вклучувајќи го поетот Ален Гинзберг, кој му предвидел голем успех. Сепак, многумина не сакале да читаат детални описи на хомосексуалност и зависност од дрога, како и групно силување и други форми на бруталност и суровост. Во 1967 година, романот бил даден на суд поради непристојност во Велика Британија. Познатиот британски писател Ентони Берџес бил меѓу писателите кои сведочеле во одбрана на романот. Подоцна, одлуката на поротата била преиначена по жалба. Романот бил забранет во Италија.
Во 1967 година Селби бил уапсен заради поседување на хероин и одлежал два месеца во затвор во Лос Анџелес. По излегувањето од затвор, се преселил во Лос Анџелес. Престанал да користи наркотици, но продложил со алкохол во наредните две години. Таа година ја запознал идната сопруга Сузана Викторија Шо. По два дена се преселиле да живеат заедно, а во 1969 година стапиле во брак, откако Селби се развел од втората сопруга.[6][7] Во бракот имале две деца, ќерка Рејчел и син Вилијам.
Во 1971 година, Селби го објавил вториот роман, Собата, кој добил позитивни критики. Во романот се зборува за луд криминалец, заклучен во затворска соба, кој се присеќава на неговото лошо минато. Селби продолжил да пишува кратки раскази, како и сценарија и ТВ драми. неговите дела биле објавувани во бројни литературни списанија.
Во 1980-те години, Селби го запознал панк рок пејачот Хенри Ролинс, кој му помогнал да добие читатели, со тоа што му организирал литературни читања.[8]
Во последните 20 години од животот, Селби работел како асистент по творечко пишување на универзитетот во Јужна Калифорнија.
Во 1989 година бил снимен филм според неговиот роман Последниот излез за Бруклин, во режија на Ули Едел. Селби се појавил на кратко во филмот, како возач на такси. Романот Реквием за еден сон (1978) бил филмуван во 2000 година. И во овој филм ,Селби се појавил во мала улога како чувар во затворот.[9]
Последниот месец од неговиот живот Селби често бил во болница, и починал во Лос Анџелес на 26 април 2004 година белодробно заболување.
Селби бил главната тема на документарниот филм од 2005 Хјуберт Селби Јуниор: Утре ќе биде подобро[10]
Наводи
уреди- ↑ Harris, Jan. „Selby, Hubert, 1928 - Literature Online Biography“. Proquest. Посетено на 13 May 2018.
- ↑ „U.S. Seamen's Hospitals Still Open in Many Cities“. New York Times. October 27, 1981. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ Selby Jr, Hubert (2000). Last Exit To Brooklyn (Bloomsbury Modern Classics). London, UK: Bloomsbury. стр. vi, introduction to edition by Hubert Selby Jr. ISBN 0747549923.
As I recall my reasoning at the time, all these years later, I wanted to be a composer but knew I could never go to school long enough to learn how, but I did know the alphabet so I figured I/d be a writer
- ↑ „Guardian Unlimited Film : Features : Hubert Selby Jr and near-death experience“. The Guardian. London. January 12, 2001. Посетено на 2005-12-23.
- ↑ Fremont-Smith, Eliot (November 8, 1964). „Beyond Revulsion“. New York Times.
- ↑ „Hubert Selby Jr (1928-2004)“. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ „Copia Certificada De Sentencia De Divorcio, Acta No. 337156 (July 18, 1969)“ (PDF).
- ↑ „Henry and Heidi Podcast“. July 21, 2015. Архивирано од изворникот на 2016-11-17. Посетено на 2019-01-15.
- ↑ Lyman, Rick (March 4, 2001). „OSCAR FILMS/ACTORS: An Angry Man and an Underused Woman; Ellen Burstyn Enjoys Her Second Act“. The New York Times.
- ↑ „Hubert Selby Jr.: It/ll be Better Tomorrow“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2019-01-15.
Надворешни врски
уреди- Хјуберт Селби на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Хјуберт Селби на Семрежната филмска база на податоци (англиски) Хјуберт Селби на Семрежната филмска база на податоци (англиски) Хјуберт Селби на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- "Интервју со Хјуберт Селби Јуниор" , НПР , 28 април 2004, првично емитуван на 4 мај 1990 година.
- Алан Кауфман, "Преглед на последниот роман на Хјуберт Селби Јуниор" Архивирано на 2 февруари 2013 г. , Сан Франциско Хроника .
- Хјуберт Селби Јуниор: Утре ќе биде подобро Архивирано на 26 јануари 2019 г. (2005) Документарен филм за Хјуберт Селби Јуниор
- www.exitwounds.com Излезни Рани, Официјално мрежно место на Хуберт Селби Џуниор и Ник Тошс.
- Енциклопедија Британика "Селби, Хјуберт Јуниор" , Енциклопедија Британика
- Хјуберт Селби Јуниор Биографија , Cinema.com
- Хјуберт Селби Јуниор, Зошто продолжувам да пишувам. Архивирано на 2 октомври 2012 г. LA Weekly , 26 февруари - 4 март 1999 година.