Жолт цар

(Пренасочено од Хуангди)

Жолт Цар или Хуанг Ди (кинески: 黄帝, пинјин: huángdì) — легендарен кинески владетел и културен херој кој важи за родоначалник на сиот кинески (хански) народ. Тој е еден од Тројцата возвишени и петте цареви, и според преданијата се смета дека владеел од 2698 п.н.е. до 2599 п.н.е.

Хуангди

Кинески 黄帝
Пинјин Huángdì
Буквално: Жолт Цар

Хуанг Ди го фатил суштеството Бај Це на врвот на планината Тунгванг. Овој ѕвер му ги опишал сите 11.520 видови на чудовишта, престорници, демони и духови на светот. Слугата на Хуанг Ди сето ова го илустрирал, од кои илустрации подоцна била издадена книгата „Бај Це Ту“, која за жал повеќе не постои. [1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
Претходник
Шенунг
Цар на Кина
2591 п.н.е.-2491 п.н.е.
Наследник
Џуансји