Хрчавка (река)
Хрчавка е река во источниот дел на Босна и Херцеговина и се наоѓа во составот на Националниот парк Сутјеска. Извира во шумовитите предели на источните падини на планинскиот масив Оборено точило. Минува низ кањон помеѓу Орлина и Паша-Липовиот дол, т.е. Стружине и Градина, а потоа се влева во реката Сутјеска. На тоа кратко патување ја придружуваат бројни реки и потоци. Хрчавка е богата со риба, особено пастрмка.[1]
Во скоро недостапниот кањон на реката Хрчавка, се наоѓа и водопадот Скакавац. Од непристапните карпи извира вода која паѓа во кањонот.
На устието на реката Хрчавка и Сутјеска, во наоѓалиштето Сувода, во непосредна близина на патот Фоча - Гачко, се наоѓа идеално место за излет и за љубителите на долгите пешачки етапи.[2]
Наводи
уреди- ↑ http://www.bih-ribolov.com/index.php?option=com_content&task=view&id=526&Itemid=31[мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-03-08. Посетено на 2011-10-30.
Оваа статија за река е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!