Хроматска фантазија

Хроматска фантазија — посебен вид на музичка фантазија (мечта, вообразба) со потекло од Европа во XVI век. Во нејзиниот најран облик, таа се заснова на хроматски опаѓачки тетракорд кој природно се јавува од дорската скала. Затоа хроматската фантазија секогаш е во д-мол, дури и во времето на Јохан Себастијан Бах.

Некои рани примери

уреди

Меѓу најраните примери за ваквата фантазија се врбојуваат прочуените композиции за лејта од англискиот ренесансен композитор Џон Дауленд со наслов „Збогум“ (Farewell) и „Напуста надеж и мечта“ (Forlorn Hope Fancy). Овие очигледно биле многу влијателни кај Јан Питерсзон Свелинк чија сопствена хроматска фантазија претставува врска помеѓу ренесансата и барокот.

Баховата хроматска фантазија

уреди

Хроматската фантазија како музичка форма била запоставена во подоцнежниот дел на XVII век. Околу сто години подоцна, Свелинк и Јохан Себастијан Бах ја оживуваат во своите познати дела од овој тип.