Христијанството во Џибути

(Пренасочено од Христијанство во Џибути)

Христијанството во Џибути е малцинска религија во државата. Во Џибути околу 6% од населението се Христијани (околу 25.000 луѓе), а државата има околу 923.000 жители (според проценките за 2012). Христијаните се воглавно Етиопјани или Европејци. Повеќето од Христијаните се дел православни или католици. Уставот на Џибути гарантира слобода на верско изразување, но сепак Исламот е државна религија. Според последните извештаи во државата немало затвореници поради тоа што биле Христијани. Забележана е толеранција меѓу религиите. Проповедувањето на други религии меѓу Муслиманите е забрането и луѓето кои се преобратуваат во Христијанство се плашат од прогон.

Состојба

уреди

3.2% од населението се православни. 0.07% до 1% од населението се протестанти. Во државата има околу 7.000 Католици.[1] Единствената бискупија во државата е католичката Бискупија во Џибути. Бискупијата е поделена на 5 парохии.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди