Христијанството во Сомалија

Христијанството во Сомалија е малцинска религија. Доминантна религија е Исламот. Во Сомалија има околу 1.000 Христијани, а за споредба државата има околу 8 милиони луѓе.[1][2] Повеќето Христијани се Сомалиски Банту,[3] и се дел од евангелската Назаренска црква. Целата територија на Сомалија е една католичка бискупија, Бискупија во Могадишу.

Според бискупијата, во 2004 во државата има околу 100 Католици, а во 1950 имала 8.500.[4] Триесет години претходно, во 1913, во државата и речеси да немало Христијани.[5] Немало ниту католички мисии во Италијански Сомалиленд.[6]

Прогон на Христијаните

уреди

Поради Сомалиската граѓанска војна во јужните делови на земјата, Христијаните се соочуваат со прогон, а понекогаш и со смрт. Во државата нема цркви или легална заштита на Христијаните. Забележани се подземни цркви за своите обреди.[1] Паравоените единици во државата ги пљчкосуваат и уништуваат христијанските гробови,[7] што не е случај со муслиманските.[8] Во август 2009 година, Меѓународната христијанска грижа забележала дека 4 Христијани кои помагале на деца-сираци биле обезглавени од исламски екстремисти бидејќи не сакале да станат Муслимани.[9] Сето ова, државата ја прави лабава, со најнизок индекс на демократија, верска слобода и почитување на основните човекови права.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Almost expunged: Somalia's Embattled Christians“. October 22, 2009. Архивирано од изворникот на 2018-08-06. Посетено на October 22, 2009.
  2. Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). „World Population Prospects, Table A.1“ (.PDF). 2008 revision. United Nations. Посетено на March 12, 2009. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „A study on minorities in Somalia“. Архивирано од изворникот на 2009-05-12. Посетено на 2013-11-20.
  4. Catholic Church in Somalia
  5. Charles George Herbermann, The Catholic encyclopedia: an international work of reference on the constitution, doctrine, discipline, and history of the Catholic church, Volume 14, (Robert Appleton company: 1913), p.139.
  6. Charles Henry Robinson, History of Christian Missions, (READ BOOKS: 2007), p. 356.
  7. Widspread [sic] desecration of Christian graves in Somalia
  8. „Shabaab rebels destroy grave and mosque in Somalia“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2013-11-20.
  9. „Al Shabaab Reportedly Beheads 4 Christians, Rips Gold Teeth From Locals' Mouths“. FOX News. August 12, 2009. Посетено на June 11, 2011.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди