Хотел Трансилванија

Хотел Трансилванија (англиски: Hotel Transylvania) - американски анимиран филм од 2012 година, во режија на Генди Тартаковски. Гласовите во филмот ги позајмуваат: Адам Сендлер, Селена Гомес, Кевин Џејмс, Стив Бушеми итн.

Содржина уреди

Во еден напуштен замок живее вампирот Дракула со својата ќерка Мејвис. Всушност, замокот претставува хотел во којшто престојуваат бројни чудовишта. Во замокот случајно доаѓа момчето Џонатан и меѓу него и Мејвис се раѓа љубов. Дракула е заштитнички настроен кон својата ќерка и прави сè да ја спречи таа врска. Истовремено, тој гледа со омраза кон луѓето, кои своевремено ја убиле неговата сакана жена. Напорите на Дракула успеваат и Џонатан го напушта замокот. Гледајќи дека Мејвис е разочарана, во последен миг, со помош на луѓето, Дракула го враќа Џонатан во замокот, а истовремено успева да се спријатели со луѓето.[1]

Наводи уреди