Хороскоп (филм од 1969)
„Хороскоп“ — филм на режисерот Боро Драшковиќ од 1969 година. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Драган Николиќ, Павле Вусиќ, Михаило Јанкетиќ и Јосиф Татиќ.[1]
Синопсис
уредиНа недовршената железничка станица во едно мало место во Херцеговина доаѓа Милка, чесна девојка која е уверена дека животот е пред неа. Таа храбро ги избегнува сите наметливи понуди, согледувајќи дека така само го зголемува бројот на своите непријатели. Кога најпосле ќе го најде човекот кој ѝ одговара, нетрпението и одмаздата на отфрлените обожаватели кулминираат. Така, Милка, со уште една животна лузна, останува без љубов, работа и дом.