Холцминден (слободна област)
Холцминден (германски: Holzminden) — слободна област во истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседниот град Холцминден. Областа целосно се наоѓа на ридовите Золинг.
Има површина од 15,01 км2[1] и се граничи со општината Беверн на север, со слободната област Мерксхаузен на исток и со градот Холцминден на југ и на запад во истиот округ.
Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 505.[1]