Хоенцолерн-Хехинген
Хоенцолерн-Хехинген (германски: Hohenzollern-Hechingen) — мало кнежевство во југозападна Германија. Нејзините владетели припаѓале на швапската гранка на династијата Хоенцолерн.
Кнежевство Хоенцолерн-Хехинген Fürstentum Hohenzollern-Hechingen
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1576–1850 | |||||||||
Статус | Држава на Свето Римско Царство (1576–1806) Држава на Рајнски Сојуз (1806–13) Држава на Германски Сојуз (1815–50) | ||||||||
Главен град | Хехинген | ||||||||
Говорени јазици | Германски | ||||||||
Уредување | Кнежевство | ||||||||
Принц | |||||||||
• 1623 | Јохан Георг (прв) | ||||||||
• 1838–1849 | Константин (последен) | ||||||||
Историски период | Среден век | ||||||||
• Поделено од Хоенцолерн | 1576 | ||||||||
• Подигнато во кнежевство | 1623 | ||||||||
• Инкорпорирано во Кралство Прусија | 1850 | ||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Германија |
Историја
уредиГрофовијата Хоенцолерн-Хехинген била создадена во 1576 година, по поделбата на Грофовијата Хоенцолерн, феуд на Светото Римско Царство. Кога починал последниот гроф на Хоенцолерн, Чарлс I од Хоенцолерн (1512–1579), територијата требало да се подели меѓу неговите три сина:
- Ајтел Фридрих IV од Хоенцолерн-Хехинген (1545–1605)
- Чарлс II од Хоенцолерн-Зигмаринген (1547-1606)
- Кристофер од Хоенцолерн-Хајгерлох (1552–1592)
За разлика од династијата Хоенцолерн од Бранденбург и Прусија, Хоенцолерните од југозападна Германија останале римокатолици. Грофовијата била подигната во кнежевство во 1623 година.
Кнежевството се приклучило на Рајнскиот Сојуз во 1806 година и било земја членка на Германскиот Сојуз помеѓу 1815 и 1850 година. Демократската револуција од 1848 година била релативно успешна во Хоенцолерн, а на 16 мај 1848 година, принцот бил принуден да прифати воспоставување устав. Сепак, конфликтот меѓу монархот и демократите продолжил, а на 6 август 1849 година, Хоенцолерн бил окупиран од пруските сили. На 7 декември 1849 година, принцот Константин ја продал земјата на својот роднина, кралот Фридрих Вилхелм IV од Прусија. На 12 март 1850 година, Хоенцолерн-Хехинген официјално станала дел од Прусија и заедно со Хоенцолерн-Зигмаринген ја формирале провинцијата Хоенцолерн.
Владетели
уредиГрофови од Хоенцолерн-Хехинген (1576–1623)
уреди- 1576–1605: Гроф Ајтел Фридрих IV (1545–1605), најстар преживеан син на Карл I од Хоенцолерн
- 1605–1623: Гроф Јохан Георг (1577–1623)
Принцови од Хоенцолерн-Хехинген (1623-1850)
уреди- 23 март–28 септември 1623: Принц Јохан Георг (1577–1623)
- 1623–1661: Принц Ајтел Фридрих II (1601–1661)
- 1661–1671: Принц Филип Кристоф Фридрих (1616–1671)
- 1671–1735: Принц Фридрих Вилхелм (1663-1735)
- 1735–1750: Принц Фридрих Лудвиг (1688-1750)
- 1750–1798: Принц Јозеф Фридрих Вилхелм (1717-1798)
- 1798–1810: Принц Херман (1751–1810)
- 1810–1838: Принц Фридрих (1776–1838)
- 1838–1849: Принц Константин (1801–1869)
По отстапувањето на територијата на Прусија, принцот продолжил да ја користи својата титула.
Линијата изумрела во 1869 година по смртта на принцот Константин, а титулите преминале на линијата Хоенцолерн-Зигмаринген.