Ходинска трагедија

Ходинската трагедија (руски: Ходынская трагедия) се случила како резултат на стампедо на 30 мај [ст. ст. 18 мај] 1896, на Ходинско поле во Москва, Русија. Стампедото се случило за време на прославата по повод крунисувањето на последниот руски император, Николај II. На лице место починале 1,282 луѓе,[1] а повредени биле од 1,200 до 20,000 луѓе според различни проценки.[1][2]

Ходинска трагедија
Жртва од стампедото
Датум30 мај 1896
МестоХодинско поле во Москва, Русија
Починати1,282[1]
Несмртоносни повреди1,200 - 20,000[1][2]

Заднина

уреди

Николај II и неговата жена Александра биле крунисани за император и императорка на Русија на 26 мај [ст. ст. 14 мај] 1896. Четири дена подоцна требало да се одржи прослава за народнот на Ходинско поле. За прославата на крунисувањето биле изградени повеќе времени објекти, вклучително и 20 дрвени бараки за раздавање на 300 000 буриња пиво и медовина и 150 места за распределба на 400 000 комплети со подароци. Комплетите со подароци се состоеле од украсена емајлирана чаша, лепче, колбас, слатки, крпа и торба. Планирано било да се раздадат и комеморативни монети.

Судирот

уреди

Околу 6 часот утрото на денот на прославата, илјадници луѓе (според некои проценки до 500,000[3]) биле пристигнати на полето. Помеѓу луѓето се рашириле гласини дека нема доволно пиво за сите, и дека во емајлираните чаши кои се давале како подарок имало златник. Редот не можеле да го одржат 1,800 полицајци, и се случило катастрофално стампедо.[се бара извор]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ferro, Marc (1991). Nicholas II: Last of the Tsars. Преведено од Pearce, Brian. Harmondsworth: Viking UK. стр. 37-38. A total of 1,282 corpses were collected from the scene, and the injured numbered between 9,000 and 20,000, according to different estimates. Translated from French: Ferro, Marc (1990). Nicholas II. Paris: Payot.
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 1995 Ananich.
  3. Leyda, Kino: A History of the Russian and Soviet Film, (London: George Allen and unwin Ltd., 1960), 19.