Химна на Португалија

Португалската (португалски: A Portuguesa) – национална химна на Португалија. Текстот го напишал Енрике Лопес де Мендоса, а музиката Алфредо Кеил.

A Portuguesa
макед. Португалската
Музика и текст (1957)

национална химна на  Португалија
ТекстЕнрике Лопес де Мендоса, 1890
МузикаАлфредо Кеил, 1890
Усвоена5 октомври 1910 (de facto)
19 July 1911 (de jure)
Звучен извадок
"A Portuguesa" (инструментална)

Историја

уреди

Песната настанала после порастот на португалскиот национализам предизвикан од британскиот ултиматум на Португалија во 1890 година да се повлечат од подрачјата на Ангола и Мозамбик. Во текот на протестите кои ја потресувале Португалија на крајот на 19 век, песната станала многу популарна. Песната била усвоена како републиканска химна, а во 1910 година како химна на новонастанатата Република Португалија, наместо дотогашната Химна на повелбата (португалски: O Hino da Carta), последната химна на уставната монархија во Португалија. Името A Portuguesa значи Португалска песна.

Оригиналната верзија имала стих: Против Британците маршираме, маршираме (португалски: Contra os Bretões, marchar, marchar), а на 16 јули 1957 години овој стих бил преправен во Против топовите маршираме, маршираме (португалски: Contra os canhões, marchar, marchar).

Официјална верзија

уреди
Стихови на португалски Превод на македонски
Heróis do mar, nobre povo,

Nação valente, imortal
Levantai hoje de novo
O esplendor de Portugal!

Entre as brumas da memória,
Ó Pátria, sente-se a voz
Dos teus egrégios avós
Que há-de guiar-te à vitória!

Às armas, às armas!
Sobre a terra sobre o mar,
Às armas, às armas!
Pela Pátria lutar
Contra os canhões marchar, marchar!

Херои на морето, благородни луѓе,

Храбра и бесмртна нацијо,
Крени се повторно
О раскошу на Португалија!

Во маглата на спомените,
О Татковино, почувствувај го гласот
На твоите истакнати предци
кои ќе те доведат до победа!

На оружје, на оружје,
преку земја, преку море,
на оружје, на оружје,
за Татковината да се бориме!
Против топовите маршираме, маршираме!

Извор

уреди

Надворешни врски

уреди