Хикикомори (јапонски: 引きこもり или ひきこもり) — израз во јапонското општество што се користи за опишување на луѓе што се повлекуваат од општествениот живот и често бараат крајни степени на изолација и затворање. Самиот збор е изведен од „хику“ (да се повлече) и „комору“ (да се изолира), што буквално значи повлекување навнатре“ или „да се биде затворен“. Хикикоморито е и општествен и психолошки феномен, при што поединците понекогаш остануваат изолирани во своите домови со месеци, па дури и со години.[1][2][3]

Хикикомори во својот дом

Хикикоморито најчесто се забележува во Јапонија, но слични појави се забележани и во други земји, како што се Јужна Кореја, САД и Италија. Се проценува дека стотици илјади поединци во Јапонија се засегнати од хикикомори. Се претпоставува дека причините за изолацијата на многу младежи во Јапонија се вкоренети во јапонската култура, образовниот систем, економската состојба на земјата и тоа што многу од овие младежи веројатно страдаат од аутизам, општествена тревожност, шизофренија или други душевни заболувања.[4][5]

Одлики

уреди

Лицата што се соочуваат со хикикомори обично:

  • Избегнуваат друштвени ситуации и заемодејства.
  • Го поминуваат поголемиот дел од своето време во една соба, често потпирајќи се на членовите на семејството за поддршка.
  • Покажуваат силно претпочитање за осаменост и можат да се вклучат во самотни дејности како читање, играње видеоигри или пребарување на семрежјето.

Претпоставки за причината

уреди

Хикикоморито е слично на општественото повлекување забележано кај некои луѓе со нарушување од спектарот на аутизам. Ова довело некои психијатри да мислат дека хикикоморито може да биде поврзано со нарушување од спектарот на аутизам и други состојби што влијаат на општественото заемодејство. Меѓутоа, овие услови можат да изгледаат поинаку во Јапонија поради нејзиниот единствен културен притисок.[6]

Наводи

уреди
  1. Bowker, Julie C.; Bowker, Matthew H.; Santo, Jonathan B.; Ojo, Adesola Adebusola; Etkin, Rebecca G.; Raja, Radhi (2019). „Severe Social Withdrawal: Cultural Variation in Past Hikikomori Experiences of University Students in Nigeria, Singapore, and the United States“. The Journal of Genetic Psychology. 180 (4–5): 217–230. doi:10.1080/00221325.2019.1633618. PMID 31305235. S2CID 196616453.
  2. Hamasaki, Yukiko; Pionnié-Dax, Nancy; Dorard, Géraldine; Tajan, Nicolas; Hikida, Takatoshi (2020). „Identifying Social Withdrawal (Hikikomori) Factors in Adolescents: Understanding the Hikikomori Spectrum“. Child Psychiatry & Human Development. 52 (5): 808–817. doi:10.1007/s10578-020-01064-8. PMC 8405474 Проверете ја вредноста |pmc= (help). PMID 32959142.
  3. Malagón-Amor, Ángeles; Martín-López, Luis Miguel; Córcoles, David; González, Anna; Bellsolà, Magda; Teo, Alan R.; Bulbena, Antoni; Pérez, Víctor; Bergé, Daniel (2020). „Family Features of Social Withdrawal Syndrome (Hikikomori)“. Frontiers in Psychiatry. 11: 138. doi:10.3389/fpsyt.2020.00138. PMC 7061609. PMID 32194459.
  4. Jozuka, Emiko (September 12, 2016). „Why won't 541,000 young Japanese leave the house?“. CNN News. Архивирано од изворникот 11 November 2017. Посетено на March 27, 2018.
  5. Se, Eun Gong. "Social isolation takes a toll on a rising number of South Korea's young adults". NPR.
  6. Kary, Tiffany (2003). „Total Eclipse of the Son: Why are Millions of Japanese Youths Hiding from Friends and Family?“. Psychology Today. Посетено на 13 October 2007.

Надворешни врски

уреди