Херман Паше
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Херман Паше ( 1851 - 1925 ) бил германски статистичар и економист кој е познат по неговиот Паше-ов Индекс со кој се овозможува пресметка на ценовниот индекс. Тој е роден на 24 февруари 1851год.во гратчето Бург во североисточна Германија, а починал на 11 април 1925год. во Детроид најголемиот град во САД во областа Мичиген.
Образование
уредиПаше неговото гимназиско образование го започнува во 1870год. во Бург, Германија, за да потоа продолжи на Универзитетот во Хале каде што студирал земјоделство. Потоа после опслужувањето на воениот рок неговите студии продилжуваат во друг правец и тоа во сферата на : економијата , статистиката и филозофијата. Докторирал во 1875 г. кај познатиот професор по политичка економија Џонс Конард на Универзитетот во Хале .
Кариера
уредиНеговата кариера ја започнува во 1879 кога станал професор за политички науки на Технолошкиот универззитетот во Ахен . Тој во економијата е познат по откривањето на националниот статистички индекс , кој е познат како Ценовен индкес , како и по анализите за Германската шеќерна индустрија. Ценовниот индекс претставува пондериран просек на дадени добра и услуги во даден регион за определен временски интервал.Неговата статистичка цел е да се овозможи споредување на цените помеѓу различни временски периоди или на различни локации. Користите од овој индекс се тоа што со него може да се мери нивото на цените во економијата или пак за трошоците за живот. Понекогаш овој индекс можи добро да покористат како водич за некоја инвестиција.
Покрај овие достигнување Херман во 1906 се откажа од неговата неговата професорска дејност и се посвети на политиката . Во тој период одигра главна улога во решавањето на кризта во шеќерната индустрија што ја имаше во Германија на тој начин што ја промени од протекстионистичка во пазарно-потрошувачка.
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |