Хендрик Jaкобсзон Лусифер (1583–1627) бил холандски пират.[1]

Презимето на Хендрик, Лусифер, се однесувало на стапчето-запалка, а не на паднатиот ангел Луцифер, и најверојатно бил користен како прекар заради неговата употреба на оган и чад за да ги изненади непријателите.[2]

Најголем успех и смрт

уреди

Во 1627 година, Хендрик бил задолжен за 3 бродови кои превезувале колонисти во Гвајана за Холандската западноиндиска компанија, придружувана од двајца други пиратски капетани. Една средба на брегот на Куба, предизвикана од за малку судир со два брода на шпанската индиска флота тргната од денешен Хондурас, му овозможило на флотата на Хендрик да фати брод и содржина во вредност од 1,2 милиони гулдени (златници). Хендрик се борел храбар како лав, (според преживеаните членови на екипажот), и лично убил околу десет непријателски војници во тесна борба, пред да биде погоден од куршум. Тој сепак продолжил со грабежот, но друг куршум го погодил во градите и тој морал да се повлече од борбата. Тој се вратил на безбедно во својот брод, а неговиот екипаж ги довршил последните морнарите на богатствената флота. Луцифер, до тогаш смртно ранет, дал наредба да го пренесат пленот (1404 сандаци со индиго, 4280 кожи од животни, 32 тегли со маст од балсам и неколку други предмети) на неговиот брод. Потоа отишол до неговата кабина. Тој полека легнал во кревет, велејќи дека ќе замине на одмор, а потоа починал како резултат на раните добиени за време на судирот.[3]

Наводи

уреди
  1. „Famous Pirates“. Архивирано од изворникот на 15 јануари 2007. Посетено на 22 август 2020.
  2. „Hendrick Lucifer“. Архивирано од изворникот на 30 април 2001. Посетено на 22 август 2020.
  3. Rogoziński, Jan (1995). Pirates!: Brigands, Buccaneers, and Privateers in Fact, Fiction, and Legend. Da Capo Press. стр. 205. ISBN 0-306-80722-X. Посетено на 22 август 2020.