Околусончева орбита

орбита околу тежиштето на Сонцето
(Пренасочено од Хелиоцентрична орбита)

Околусончева орбита (хелиоцентрична орбита) — орбита околу тежиштето на Сончевиот Систем, кое обично лежи многу блиску до Сонцето или на неговата површина. Сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем, како и самото Сонце се во такви орбити, како и многу вештачки сонди и парчиња отпад. За разлика од нив, месечините на планетите во системот се во орбита на своите планети (иако нашата Месечина има испакната орбита околу Сонцето).

Движење на тежиштето на Сончевиот Систем во однос на Сонцето.

Иако секогаш е блиску до Сонцето, тежиштето на Сончевиот Систем се преместува со текот на времето, зависно од тековната положба на големите телаво системот како Јупитер и другите групни гасовити планети. Слична појава овозможува пронаоѓањето на вонсончеви планети користејќи го Доплеровиот метод на радијална брзина.

Првото вселенско летало ставено во орбита било „Луна 1“ во 1959 г. Леталото не успеало да слета на Месечината поради погрешно темпираното согорување на горниот степен.

Марсопреносно вметнување

уреди
 
Дијаграм на марсопреносно вметнување.
А = Хоманова преносна орбита. Б = Сврзна мисија. В = Противположна мисија

Марсопреносното вметнување е околусончева орбита во која се применува погонски маневар за да се стави едно вселенско летало на траекторија која ќе го одведе во Марсовата орбита.

На секои две години се јавува прилика за нискоенергетски пренос, кој овозможува движењето помеѓу планетите со најмалку потрошена енергија. Преодните вметнувања може да го стават леталото во Хоманова преодна орбита или во биеклиптична преносна орбита. Марсопреносните вметнувања можат да се остварат или со едно маневарско согорување, како кај американското летало МАВЕН во 2013 г., или со низа перигејски поттурнувања, како во случајот на индиската сонда „Мангалјан“ истата година.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди