Хелена Хелмерсон (шведски: Helena Helmersson; р. 1973 година) — шведска стопанственичка. Од 2010 година, таа е шеф на одржливост во шведската компанија за малопродажба на облека H&M,[1] и од 2020 година е нејзин извршен директор.[2]

Хелена Хелмерсон

Биографија

уреди

Родена во Скелефтеа на северот на Шведска, таа пораснала со своето семејство (нејзините родители и двете сестри), Хелмерсон дипломирала магистер по меѓународна бизнис администрација на Умео школата за бизнис и економија во 1997 година.[1] Кога се приклучила на H&M во 1997 година, таа станала менаџер на одделот во канцеларијата за купување пред да замине во Дака, Бангладеш во 2007 година, каде што била менаџер за производство на H&M. По долг период служејќи како нивен оддел менаџер за производство на долна облека во Хонгконг до 2010 година, се вратила во Стокхолм за да биде менаџер за општествена одговорност и снабдување.[3][4]

Од 30 јануари (2020) таа е назначена за извршен директор на H&M. Тековните одговорности на Хелмерсон опфаќаат подобрување на социјалната и еколошката одржливост на снабдувањето, придонесувајќи за стратегијата за одржливост на H&M која првично била имплементирана во 1990-тите.[5]

На 5 март 2014 година, Хелмерсон била избрана за „Најмоќна жена во бизнисот“ во Шведска од неделното деловно списание Veckans Affärer.[1] Честа дошло како целосно изненадување. Интервјуирани од страна на Алан Аткисон на GreenBiz, таа изјавилa: „Јас сум многу горда и среќна. Зад сè што правиме се крие огромна количина на тимска работа и ова го земам како доказ дека е видливо“.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Alumna from Umeå University is named most powerful woman in business“. Umeå University. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 11 September 2015.
  2. „Stefan Persson lämnar som styrelseordförande i H & M Hennes & Mauritz AB vid årsstämman och föreslår att Karl-Johan Persson efterträder honom. Helena Helmersson har utsetts till ny vd“ (шведски). 2020-01-30. Архивирано од изворникот на 2020-01-30. Посетено на 2021-11-18.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Helena Helmersson: Chief Sustainability Officer, H&M“. Business of Fashion. Посетено на 11 September 2015.
  4. „Speaker: Helena Helmersson“. BSR. Архивирано од изворникот на 2014-09-05. Посетено на 11 September 2015.
  5. „Helena Helmersson: Head of Sustainability – H&M“. Nordic Fashion Association. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 12 September 2015.
  6. Atkisson, Alan (29 April 2014). „How She Leads: H&M's Helena Helmersson“. GreenBiz. Архивирано од изворникот на 2019-10-21.