Центар Гајдар Алиев
Центар „Гајдар Алиев“ — градежен комплекс во Баку, Азербејџан проектиран од од познатата ирачко-британскиот архитекта Заха Хадид којшто е познат по за својата карактеристична архитектура со заоблени форми и остри агли[1]. Тоа е комплексен објект, кој вклучува конгресен центар, музеј, изложбени сали и канцеларии за администрацијата. Проектот е изработен во 2007 година. Тој е еден од најубавите симболи на градот Баку. Во 2014 година, тој бил прогласен за најдобар архитектонски објект во светот, при што ја добил наградата Дизајн на годината за 2014 година[2].
Центар „Гајдар Алиев“ | |
---|---|
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Општи податоци | |
Статус | изграден |
Стил | Неофутуризам |
Место | Баку, Азербејџан |
Координати | 40°23′43″N 49°52′01″E / 40.39528° СГШ; 49.86694° ИГД |
Почната | 2007 |
Завршена | 10 мај 2012 |
Трошок за изградба | $250 милиони УСД (проценето) |
Висина | |
Покрив | 74 м (243 ст) |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Заха Хадид |
Главен изведувач | Диа Холдинг |
Историја
уредиЦентарот има за цел да ги промовира јазичните и културните вредности на Азербејџан. Вкупната површина на зградата е околу 100.000 квадратни метри, од кои половина се сали и друг наменски простор, а другата половина се скалила и пешачки површини. Во зградата практично нема прави линии.
Архитектура
уредиВо принцип, објектот, содржи два меѓусебно поврзани системи: бетонска конструкција која е поврзана со единечна. За да се пополнат големи простории кои немаат потпори, во градежниот систем се вградени вертикални испусни елементи. Структурата на фармата ја претвора зградата во монументална модерна скулптура и за разлика од првично планираната челична конструкција, таа се преобразува во специфично апстрактно геометриска структура со таканаречените органски архитектонски елементи. Главен материјал во фасадата и воопшто целиот објект е стакло врамено во метални рамки, со што објектот има транспарентност и рефлективност кон околината. Бојата на целата надворешна површина и внатрешноста е бела. Белата боја симболизира светла иднина и благодарение на оваа светлосна боја ги истакнува поединечните елементи на зградата. На територијата на комплексот има и вештачко езеро[3].
Наводи
уреди- ↑ Heydar Aliyev Center / Zaha Hadid Architects
- ↑ „.The Heydar Aliyev Center Azerbaijani“. Архивирано од изворникот на 2020-03-22. Посетено на 2020-04-10.
- ↑ heydar-aliyev-center-zaha-hadid