Хархорин (монголски: Хархорин) — град и административен центар на истоимената област во покраината Оворхангај во Монголија. Градот има вкупно население од 8.977 жители и површина од 20.5 км2.

Градот Хархорин.

Хархорин се наоѓа на долниот дел на горната долина на реката Орхон. Во близина се Хангајските планини.

Во близина на градот се наоѓаат рушевините од античкиот град Каракорум, кој за кратко време бил главен град на Монголското Царство под раководство на Огедеј Хан. Од голема значајност е и Ердене Зу манастирот што се наоѓа во близина на Хархорин.

Главен извор на егзистенција во градот е туризмот и земјоделството. Водите на реката Орхон служат за наводнување на полињата. Во Хархорин се наоѓа и Хархорин аеродромот со една писта и со летови до Улан Батор.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • PADCO: Урбан развој на Монголиа и сектор за стратегија на домаќинство, Краен извештај, Vol. 2, 2005 [1] Архивирано на 19 октомври 2007 г.

47°11′50″N 102°49′26″E / 47.19722° СГШ; 102.82389° ИГД / 47.19722; 102.82389