Хари (2020)
„Хари“ (англиски: The Thing About Harry, 2020 година) — американска телевизиска романтична комедија.[1] Сценариото за филмот е на Питер Пејџ и Џош Сентер. Пејџ исто така е режисер на филмот.[2] Сем (толкуван од Џејк Борели) е млад геј маж кој по долги години се среќава со Хари (толкуван од Нико Терхо) -- силеџијата од средношколските денови. Двајцата се спријателуваат, а потоа и заљубуваат откако Хари признава дека станал пансексуалец. Во придружни улоги во филмот се појавуваат и Брит Барон, Карамо Браун, како и режисерот Пејџ.
Филмот премиерно се објави на 15. февруари 2020 година преку интернет платформите Фриформ и Хулу.[3]
Наводи
уреди- ↑ Pedersen, Erik; Pedersen, Erik (2020-01-06). „'The Thing About Harry': Freeform Casts & Sets Premiere Date For Road-Trip Valentine's Day Movie From 'Good Trouble' Director – Update“. Deadline (англиски). Посетено на 2020-05-16.
- ↑ Turchiano, Danielle; Turchiano, Danielle (2020-02-14). „Peter Paige on Writing Titular 'The Thing About Harry' Character as Pansexual“. Variety (англиски). Посетено на 2020-05-16.
- ↑ „Why The Thing About Harry Matters“. E! News (англиски). Sat Feb 15 04:00:00 PST 2020. Посетено на 2020-05-16. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)