Харитон Карпузов
Харитон Карпузов (Крсто Ангелов Карпузов), е егзархиски црковен македонски преродбенски деец, архимандрит и епископ.[1][2][3]
Биографиja
уредиРоден е во 1827 година во село Либјахово, Hеврокопско, Пиринска Македонија. Се школувал во манастирот "Свети Јоан" близу до градот Сер, каде што во 1850 се замонашува. По еден конфликт со грчкиот владика се враќа во родното село, каде што е ракоположен за свештеник, и во месната црква воведува богослужба на народен јазик. Наклеветен од грчките духовници, Карпузов е испратен во заточеништво на островот Родос. Ослободен е една година подоцна, во 1865 г.
Карпузов бил харизматичен и енергичен водач во црковните борби во Источна Македонија. Учествува во народен собор во 1869 година во село Гајтаниново, на којшто се отфрла јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. 1871-1873 е претседател на Неврокопската егзархиска црковна општина. Во 1872 година е предложен за архијереј Неврокопската епархија, но кандидатурата не му е прифатена од сите месни дејци.
Според македонските изтражувачи во периодот 1873-1874 поп Харитон е еден од главните агитатори на таканареченото унијатско движење за одвојување на македонските црковни општини од Бугарската егзархија, во засебна црква „да ја воскреснат Охридска архиепископија“ преку унијатството со Ватикан.[4] Но тоа движење, очекувано, не успеало. Егзархијата, преку своите агенти го опструирала секој таков обид. Според бугарските изтражувачи Карпузов никогаш не бил активист на унијатите.[5]
Од 1874 е архијерејски намесник во Берковица, а од 1877 до 1879 година е намесник на Софискиот митрополит. Во 1880 година Карпузов е назначен за претседател на Егзархиската општина во Сер. Обвинет за револуциона дејност во 1884 година, заедно со зет му Петар Сарафов и други дејци е уапсен од властите. Судот ги осудува двајцата на 16 години затвор. Првично се испратени во Смирненскиот затвор, а потоа се преместени во град Караман, Мала Азија. Во 1887 година Сарафов и Карпузов успеваат да ибегаат преку Цариград во Одеса. Во 1888 година доаѓаат во Кнежевството Бугарија. Поради неговиот придонес во црковните борби, кон крајот на животот е воздигнат во епископски чин.
Карпузов умира во 1899 година во Софија.
Харитон Карпузов му е дедо на македонскиот револуционер Борис Сарафов.
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр.421.
- ↑ "Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893". София, 1969, стр.443.
- ↑ Марков, Иван. Дейци на националното Възраждане в Неврокопския край. "Просветното дело в Неврокоп /Гоце Делчев/ и Неврокопско през Възраждането". София, 1979, стр.104-107.
- ↑ ПИСМО НА ПЕТКО СЛАВЕЈКОВ ДО ЕГЗАРХОТ АНТИМ I ( јануари 1874, Солун)
- ↑ „Писма на Петко Рачев Славейков по унията в Македония през 1874 г.“ - Фалсификатите на Славко Димески, Цочо Билярски, Илия Пасков (сп. Векове, год. 3, н. 1, стр. 62-67, 1989)