Ханукија или менора за Ханукаканделабар со девет гранки кој се користи за време на осумдневниот еврејски празник Ханука. На осум од деветте гранки се поставуваат свеќи (или маслени светилки) кои ги симболизираат осумте ноќи на празникот; секоја вечер се пали по една свеќа повеќе од претходната, додека последната ноќ не се запалат сите осум свеќи. На деветтата гранка стои свеќата, наречена шамаш („помошник“ или „слуга“), која се користи за палење на останатите осум.

Ханукија од Лемберг во Еврејскиот музеј во Њујорк[1]

Ханукијата го одбележува, но е различна од, менората со седум гранки што се користела во древниот храм во Ерусалим. Заедно со менората со седум гранки и Давидовата ѕвезда, таа е меѓу најраспространетите артикли на еврејската церемонијална уметност.[2]

Градба

уреди

За да биде кошер, шамашот мора да биде поставен на повисоко или пониско рамниште од главните осум свеќи (или маслени светилки), но постојат различни мислења за тоа дали сите свеќи мора да бидат поставени во права линија,[3] [4] или ханукијата може да биде и по крива линија.[5] [6]

Јавни настани

уреди
 
Ханукија со Давидова ѕвезда

Ханукијата често се прикажува во јавноста во деновите на празникот Ханука во декември. Избрани званичници често учествуваат во јавното палење на ханукија.

Јавни збирки

уреди

Многу музеи имаат значајни збирки на ханукии, вклучувајќи ги и Израелскиот музеј, музејот на уметноста Метрополитен,[7] и Еврејскиот музеј, во Лондон кој ја поседува ханукијата Линдо (најстарата ханукија изработена во Британија).[8]

Има и збирка во малиот еврејски музеј во Рио де Жанеиро.[9]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Hanukkah Lamp, BD, Judaica, Ceremonial Art“. The Jewish Museum. Посетено на 2018-10-06.
  2. Judaism A-Z Yacov Newman, Gavriel Sivan
  3. Silberberg, Naftali. „What Constitutes a Kosher Chanukah Menorah?“. Chabad.org. Посетено на 2018-10-06.
  4. „Do the candles on the menorah have to be in a straight line to be kosher?“. AskMoses.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 2018-10-06.
  5. „Is a curved Menorah kosher for Hanukkah?“. About.com Judaism. Архивирано од изворникот на July 11, 2014. Посетено на 2018-10-06.
  6. „Laws of Chanukah“. Orthodox Union. 2010-11-25. Посетено на 2018-10-06.
  7. „The Hanukkah Menorah“. The Metropolitan Museum of Art. Посетено на 2018-10-06.
  8. Sechan, Sarah (July 21, 2009). „London's Jewish Museum preparing to buy 300-year-old hanukkia for new location“. The Jerusalem Post. Посетено на 2018-10-06.
  9. „Museu Judaico do Rio de Janeiro“. Посетено на 2018-10-06.

Надворешни врски

уреди