Хана Хоракова
Хана Хоракова (роденa Мачова) (11 септември 1979, Брунтал) — чешка кошаркарка, кој игра на позицијата бек.
Лични информации | ||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден | 11 септември 1979 Брунтал, Чехословачка | |||||||||||||||||||||
Националност | Чехинка | |||||||||||||||||||||
Заведена висина | 6 ст 0 ин (1.83 м) | |||||||||||||||||||||
Заведена тежина | 163 lb (74 kg) | |||||||||||||||||||||
Информации за кариера | ||||||||||||||||||||||
Играчка кариера | 1996–2013 | |||||||||||||||||||||
Позиција | Бек | |||||||||||||||||||||
Истакнати мигови и награди во кариерата | ||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||
Член во Куќата на славните на ФИБА како играч | ||||||||||||||||||||||
Medals
|
Кариера
уредиКлупска
уредиПобедничка на Евролигата во 2006 година со Брно, во моментот на нејзиното повлекување била во 15-те најдобри според бројот на постигнати поени (1 806), на скокови (796) и на асистенции (509)[1] .
По Светското првенство во 2010 година потпишала за турскиот клуб СК Фенербахче.
Во февруари 2011 година, ФИБА Европа ја прогласила за европски играч на годината, пред Французинката Сандрин Грида и Шпанката Амаја Валдеморо[2].
Сезоната 2011-2012 ја започнала во Екатеринбург, но поради малата минутажа била префрлена во Кошице[3]. Во сезоната 2012-2013 година се вратила во Брно[4].
Репрезентативна
уредиГо освоила златото на Европското првенство во кошарка за жени во 2003 година, а потоа и сребрениот медал на наредното првенство[1].
На Светското првенство во 2010 година, била избрана за најдобар играч на турнирот[5]. Особено се истакнала во четврт-финалето против Австралијките кога постигнала 21 поен, што придонело да ја добие наградата за најдобар играч на годината 2010 од ФИБА[1].
На ЕП 2011 не учествувала, а во националниот тим се вратила за Олимпијадата во Лондон, каде чешката репрезентација била поразена во четвртфиналето. Во март 2013 година, објавила дека се повлекува од репрезентацијата[6] и потоа ставила точка на кариерата во јули 2013 година[7] . Кариерата ја завршила со јубилеен настап во Брно на 17 август 2013 година во кој учествувале Ивана Вечерова, Зузана Жиркова, Ева Витечкова и Јана Весела [1] .
Клубови за кои настапувала
уреди- 1996-1999 година: УСК Блекс КВ
- 1999-2010 година: Кошаркарски клуб Брно
- 2010-2011 година: СК Фенербахче
- 2011-2012 година : Добри ангели Кошице
- 2012-2013 година : УММЦ Екатеринбург
- 2012-2013 година : Кошаркарски клуб Брно
Награди
уредиКлупски
уредиРепрезентативни
уреди- Светско првенство
- 7. на Светското првенство 2006 година
- Сребрен медал на Светското првенство 2010 година
- Европско првенство
- Златен медал на Европското првенство 2005 година
- Сребрен медал на Европското првенство 2003 година
- 1 коло на Европското првенство 2001 година
- Четвртфинале на Европското првенство 1999 година
Лични награди
уреди- Избрана за европски играч на годината 2010 од ФИБА Европа[7]
- Најдобар играч на Светското првенство 2010 година [7]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Hana Horakova calls it a career“. Love Women's Basketball. 26 juillet 2013. Посетено на 2 août 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Horakova MVP, Gruda 2e“. l'Équipe. 16 février 2011. Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 17 février 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ (англиски)„Horakova Pens Deal With Good Angels“. FIBA. 24 janvier 2012. Посетено на 10 août 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „After 2 seasons Hana Horakova returns to Brno“. Love Women's Basketball. 4 septembre 2012. Посетено на 4 septembre 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „CZE – Horakova named MVP“ (англиски). 3 octobre 2010. Архивирано од изворникот на 2010-10-11. Посетено на 3 octobre 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Hana Horakova confirms she will miss EuroBasket Women 2013“. Love Women's Basketball. 10 mars 2013. Посетено на 11 mars 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 „Fin de carrière pour Horakova“ (француски). 27 juillet 2013. Посетено на 27 juillet 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „BK IMOS Brno upset ZVVZ USK Prague to win Czech Cup“. love Women's basketball. 10 mars 2013. Посетено на 11 mars 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)
Надворешни врски
уреди- Hana Machová at EurobasketWomen2005.com (archived)