Хагно

нимфа во старогрчката митологија

Хагно или Агно (старогрчки: Ἁγνω) во старогрчката митологија била нимфа.

Потекло на поимот

уреди

Нејзиното име има значење „чиста“, „невина“, „света“, а извадено е од зборот hagnos.[1]

Митологија

уреди

Хагно била нимфа Најади и веројатно е Океанида од изворот кој бил посветен на неа и наречен е по неа, а се наоѓал на планината Ликеј во Аркадија.[1] Се верувало дека нејзиниот извор ги создава нефелините облаците .[2] Всушност, кога земјата била погодена со суша, свештеникот на Зевс Линкеј, после молитвата и принесувањето на жртви, ја допрел со гранка од даб површината на изворот на оваа нимфа и веднаш се создале облаци кои го донеле долго очекуваниот дожд.[3] Со своите сестри, Неда и Тисоја, била дадилка на Зевс додека бил дете.[1] За неа пишувал Паусаниј.[4] Тој известил дека нимфата претставена во Мегалополис како во едната рака држи стомна, а во другата патера.[3]

Биологија

уреди

Латинското име на оваа личност (Hagno) е оригинален назив за родот пеперутки чиј сегашен назив е Psilocorsis.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 -{theoi.com: Hagno}-
  2. -{theoi.com: Okeanides}-; -{NAMES OF OKEANIDES}-
  3. 3,0 3,1 -{Greek Myth Index: Hagno}- Архивирано на 3 јули 2011 г.,
  4. Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: NYMPHS}-; -{List of NYMPHS
  5. -{Harvard University's MCZ Database}-[мртва врска][мртва врска], Посетено на 29. 4. 2013.