Фјодор Иванович Успенски (руски: Фёдор Ива́нович Успе́нский [ˈfʲɵdər ɪˈvanəvʲɪtɕ ʊsʲˈpʲɛnskʲɪj]; 19 февруари 1845 – 10 септември 1928) бил руски и советски византолог. Неговите дела се сметаат за едни од најдобрите илустрации за процутот на византолошките студии во Руската империја.

Фјодор Успенски
Фёдор Ива́нович Успе́нский
Роден(а)Фјодор Иванович Успенски
19 февруари 1845
Галич, Руска империја
Починал(а)10 септември 1928(1928-09-10) (возр. 83)
ЗанимањеВизантолог

Успенски бил роден во близина на Галич на 19 февруари 1845. Се школувал на Универзитетот во Санкт Петербург, а неговата теза (1872) ја посветил на Никита Хонијат. Две децении (1874-1894) предавал на Новорусискиот универзитет во Одеса. Оваа позиција му овозможила да помине значително време во странство.

Докторската теза на Успенски (1879) се занимавала со основањето на Второто Бугарско царство. Иако бил специјализиран за византиско-бугарските односи и го истражувал словенското влијание врз византиската економија, Успенски исто така истражувал и пишувал опширно за крстоносните војни.

Во 1894 Успенски, кој споделувал словенофилски идеали, решил да се пресели во Константинопол за да ги проучува и заштити преживеаните византиски споменици, кои со векови биле запоставени од османлиските власти. Таму го основал Рускиот археолошки институт (со седиште во Студион) и ги предводел пионерските археолошки истражувања во Константинопол, Мала Азија, Македонија и Бугарија. Во 1900, бил избран за член на Руската академија на науките. Со избувнувањето на Првата светска војна, Успенски бил принуден да ја прекине својата работа и да ја напушти Турција.

Назад во Петроград, 70 годишниот професор бил поканет за уредник на гласникот за византиски студии, Византийский временник. По Октомвриската револуција, одржувал предавања на Ленинградскиот универзитет (1922–27), и доживувајќи критики од болшевичките власти, се подготвувал за објавување на резултатите од неговото животно дело, монументалната тритомна историја на Византиската империја.

Успенски починал во Ленинград во 1928.