Фреза (облека)
Фреза (од француски: fraise) е парче облека - набран околувратник кој се носел во западна Европа од средината на XVI до средината на XVII век.
Фрезата еволуирала од мал набор на текстилот на кошулите или кемисите со учкури за затегање. Самите биле засебни парчиња облека кои се ваделе и переле и го чувале дублетот од нечистотија околу вратот.
Со откривањето на штиракот фрезите станале поголеми без да го изгубат обликот. Подоцна фрезите станале посебни парчиња облека кои се отстранувале, переле и штиркале и се пресувале во осмици во посебни направи за набирање.
Кога биле најголеми, фрезите имале полупречник од 30 см или повеќе; овие фрези се држеле со жици за да стојат под саканиот агол.
Кон крајот на XVI век, фрезите испаднале од мода и биле заменети со крилести и виснати јаки. Модата се задржила најдолго во Холандија, каде можеме да видиме фрези на портрети насликани длабоко во XVII век. Фрезата останала дел од церемонијалната облека на градските советници (Senatoren) во северногерманските ханзеатски градови и лутеранското свештенство во тие градови и во Данска.
Поврзано
уредиНаводи
уредиJanet Arnold: Queen Elizabeth's Wardrobe Unlock'd, W S Maney and Son Ltd, Leeds 1988. (ISBN 0-901286-20-6)
Надворешни врски
уреди- Како се прави елизабетанскa фрезa Архивирано на 12 јули 2006 г. (англиски)