Франц (филм од 2016)
Франц (германски: Frantz) - француско-германски филм од 2016 година во режија на Франсоа Озон. Главните улоги ги играат: Пјер Нини, Паула Бер, Ернст Штецнер и Мари Грубер. Филмот освоил седум награди, вклучувајќи и еден „Цезар“ и една награда на Венецијанскиот филмски фестивал.[1]
Синопсис
уредиАна (ја игра Бер) е свршеницата на војникот Франц кој погинал во Првата светска војна. Еден ден, на неговиот гроб доаѓа непознат млад човек кој положува цвеќе. Тој се вика Адријан Ревоар (го игра Нини) и на семејството на Франц му кажува дека бил негов пријател од времето кога тој студирал во Париз. Адријан се спријателува со Ана и со родителите на Франц. Еден ден, тој ѝ ја кажува вистината на Ана - имено, тој го убил Франц. Веднаш по признанието, Адријан го напушта градот и се враќа дома. Потоа, тој се допишува со Ана, молејќи ја да им ја пренесе вистината на родителите на Франц, но таа не го прави тоа. По некое време, по наговор на родителите на Франц, Ана оди во Париз за да го најде Адријан. По кратко истражување, таа успева да го најде неговото живеалиште и го посетува. Таму, таа дознава дека тој е свршен и дека наскоро ќе се ожени по што таа се враќа во Париз и на родителите на Франц им пишува дека одлучила да остане тука.[2]