Француски воени гробишта (Скопје)
Француски воени гробишта во Скопје – воени гробишта од Првата светска војна во кои почиваат повеќе од 2.930 војници на Француската армија убиени на Македонскиот фронт. Од овие војници само на 930 им е познато името.[1][2]
Податоци | |
---|---|
Основани | 1926 |
Место | Скопје |
Земја | Македонија |
Координати | 41°2′25.47″N 21°21′33.47″E / 41.0404083° СГШ; 21.3592972° ИГД |
Местоположба
уредиФранцуските воени гробишта се наоѓаат во близина на Амбасадата на САД, над Спортско-рекреативниот центар Кале.
Концепт
уредиГробиштата се наоѓаат на кос терен. Истите организирани во четири надолжни парцели, разделени и обиколени со пешачки патеки, кои симетрално го делат просторот.
Низ централно поставена порта, преку скалишна алеја со дрворед се пристигнува кон одбележјето, додека двете странични патеки водат кон истотипските гробници.
Просторот хортикултурно е уреден со тревници, ружи покрај секој гроб, и алеи со лаванда. Патеките се чисти и уредени, со поставени клупи во современа стилска форма. Централно се простира дрворед од зимзелени насади кои се единствени високостеблести растенија во просторот.[1][2]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Француските воени гробишта во Скопје“. Посетено на 30 ноември 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Француски гробишта Скопје“. Посетено на 30 ноември 2021.