Франсоа Гизо
Франсоа Гизо (француски: François Pierre Guillaume Guizot, 4 октомври 1787 - 12 септември 1874) — француски политичар и историчар. По своите политички убедувања, тој бил монархист и приврзаник на династијата на Орлеаните. Како идеолог на крупната финансиска буржоазија, пред револуцијата од 1830 година, тој се наоѓал на чело на опозицијата против кралската династија на Бурбоните. Од 1840 до 1848 година, за време на владеењето на кралот Луј-Филип, ја водел француската влада, борејќи се против револуционерното движење.[1]
Наводи
уреди- ↑ Фридрих Енгелс, Лудвиг Фојербах и крај класичне немачке филозофије. Култура: Београд, 1947, стр. 64.