Фрагмент од една империја

Фрагмент од една империја (руски: Обломок империи) - советски филм од 1929 година, во режија на Фридрих Ермлер, кој е автор и на сценариото, заедно со Екатерина Виноградска. Главните улоги ги играат: Фјодор Никитин, Људмила Семјонова, Сергеј Герасимов и Јаков Гуткин. Според гласањето на 50 руски филмолози и синеасти, овој филм бил рангиран на деветтото место на списокот на 55 најдобри руски и советски филмови во историјата. Исто така, тој е последниот нем филм на Ермлер.[1]

Содржина

уреди

Дејството на филмот се одвива во едно мало место, за време на Граѓанската војна. Платформата на железничката станица е покриена со тела и чуварот забележува дека едно од нив дава знаци на живот. Тој го носи телото на Филиманов во куќата и се обидува да му помогне. Постепено, црвеноармеецот Филиманов се освестува и пие млеко од штотуку окотената кучка. Тогаш, во собата влегува белоармеец и се слуша истрел. Сепак, тој ја убива кучката, но го остава ранетиот Филиманов да живее. Потоа, дејството на филмот се пренесува во 1928 година: Филиманов е жив, но не се сеќава на ништо и ја почнува потрагата по својот идентитет.[2]

Наводи

уреди
  1. Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.
  2. Кинотека на Македонија, „Програма ноември 2015“.