Формакрезол е мешавина составена од формалдехид, крезол и глицерол што се користи во стоматологијата.[1] Се користи за витална пулпотомија на примарните заби и како привремен интраканален лек за време на терапијата на коренскиот канал на забите.

Растворот на Бакли е 20% форма на формокрезол, разреден со глицерин и дестилирана вода.[2]

Употребата на формокрезол во детската стоматологија е застарена, а железен сулфат се предлага како замена.[3]

Наводи

уреди
  1. Ireland, Robert (2010). A Dictionary of Dentistry (англиски). OUP Oxford. стр. 337. ISBN 978-0-19-158502-9.
  2. Rao, Arathi (2012). Principles and Practice Of Pedodontics (англиски). JP Medical Ltd. стр. 293. ISBN 978-93-5025-891-0.
  3. Koch, Goran; Poulsen, Sven (2013). Pediatric Dentistry: A Clinical Approach (англиски). John Wiley & Sons. стр. 158. ISBN 978-1-118-68719-2.