Фонтана Ахмед III
Фонтаната на Султан Ахмед III (турски: III. Ahmet Çeşmesi) — фонтана во турски рококо стил која се наоѓа на големиот плоштад пред Царската порта на палатата Топкапи во Истанбул, Турција. Таа била изградена во времето на османлискиот султан Ахмед III во 1728 година, за време на т.н. Ера на лалињата. Фонтаната претставувала место каде се собирале жителите за време на отоманскиот период на Цариград.
Историја
уредиФонтанскиот киоск на Ахмед III се наоѓа на местото на византиска фонтана, позната како Перајтон. Друга фонтана, изградена за време на Византија, се наоѓала на местото пред оваа фонтана[1]. Архитектонските одлики на надворешноста одразуваат синтеза на традиционалните отомански и современи западни стилови.
Фонтаната била прикажана на задната страна од турските банкноти од 10 лири од 1947-1952.[2]
Архитектура
уредиФонтаната има пет мали куполи и има облик на михраб. На секоја од четирите страни на фонтаната постои чешма. Водата се снабдува од осумаголен базен во внатрешноста на киоскот.
Над фонтаните за пиење се наоѓаат големи калиграфски плочи со сини и црвени плочки.
Литература
уреди- Dünden Bugüne Istanbul Ansiklopedisi (1993) Istanbul, Türkiye Ekonomik ve Toplumsal Tarih Vakfı I, 116-117.
- Aynur, Hatice and Hakan T. Karateke (1995) III. Ahmed devri Istanbul çesmeleri, 1703-1730. Istanbul, Istanbul Büyükşehir Belediyesi Kültür İşleri Daire Başkanlığı.
- Egemen, Affan (1993) Istanbul'un çesme ve sebilleri: resimleri ve kitabeleri ile 1165 çesme ve sebil. Istanbul, Aritan Yayinevi.
- Kara Pilehvarian, Nuran (2000) Fountains in Ottoman Istanbul. Istanbul, Yapi-Endüstri Merkezi Yayinlari.
- Şerifoğlu, Ömer Faruk (1995) Su güzeli: Istanbul sebilleri. Istanbul, Istanbul Büyükşehir Belediyesi Kültür İşleri Daire Başkanlığı.
„Фонтана Ахмед III“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ „The Fountain of Sultan Ahmed, Constantinople, Turkey“. World Digital Library. 1890–1900. Посетено на 2013-10-18.
- ↑ Central Bank of the Republic of Turkey Архивирано на 15 јуни 2009 г.. Banknote Museum: 4. Emission Group - Ten Turkish Lira - I. Series Архивирано на 25 февруари 2009 г. & II. Series Архивирано на 29 април 2009 г.. – Посетено на 20 April 2009.
Надворешни врски
уреди- Archnet.org | Fountain of Ahmed III Архивирано на 14 декември 2010 г.
41°00′29.71″N 28°58′52.36″E / 41.0082528° СГШ; 28.9812111° ИГД