Фонетика и фонологија на белорускиот јазик

Фонетскиот и фонолошки систем на белорускиот јазик е составен од најмалку 44 фонеми, од кои 5 се самогласки и 39 согласки.

Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

Особености

уреди

Како дел од источнословенските јазици, белорускиот се разликува од останатите сродни јазици по:[1]

  • таканареченото „акање“ (белоруски: аканне) – односно изговорот на неакцентирани /o/ и /a/ како јасна отворена предна незаоблена [a]. Руското [a] се појавува по /j/. Сепак нема јасна разлика во јотираните /ja/, /jo/, /je/ и /ji/.[2]
  • таканареченото „ѕекање“ (белоруски: дзеканне) – изговорот на староисточнословенското /dʲ/ како [dzʲ].
  • таканареченото „цекање“ (белоруски: цеканне) – изговорот на староисточнословенското /tʲ/ како [tsʲ].
  • силна палатизација на /sʲ/ и /zʲ/.
  • посталвеоларните согласки се сите тврди.
  • /rʲ/ се зацврстил и преминал во /r/.
  • [j] и [w] се сметаат за полусамогласки.[3]

Самогласки

уреди
белоруски МФА пример
i /i/ лiст ('лист')
э /ɛ/ гэты ('ова')
ы [ɨ] мыш ('глушец')
a /a/ кат ('извршител')
у /u/ шум ('шум, галама')
о /ɔ/ кот ('мачка')

Гласот [ɨ] не се смета за посебен, туку за алофон на /i/ кој се сретнува по непалатизирани согласки.[4]

Согласки

уреди

Согласките во белорускиот се:[5]

усни забни/алвеоларни посталвеоларни меконепчени
тврда мека тврда мека мека тврда
носни m n̪ʲ    
експлозивни p b (ɡʲ) k (ɡ)
африкативни t̪s̪ d̪z̪ t̪s̪ʲ d̪z̪ʲ
фрикативни f v s z ʃ ʒ ɣʲ x ɣ
вевни r
апроксимантни l̪ʲ   j (w)

Белешки

уреди
  1. Sussex & Cubberly (2006:53)
  2. Padluzhny (1989:53)
  3. Padluzhny (1989:54)
  4. Mayo (2002:890)
  5. Mayo (2002:891)

Наводи

уреди
  • Belaruskaia mova, Vysheishaia shkola, 1991, ISBN 5-339-00539-9
  • Mayo, Peter (2002), „Belorussian“, Во Comrie, Bernard; Corbett, G. G. (уред.), The Slavonic Languages, London: Routledge, стр. 887–946, ISBN 0-415-28078-8
  • Padluzhny, Ped (1989.), Fanetyka belaruskai litaraturnai movy, стр. 335, ISBN 5-343-00292-7 Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  • Sussex, Roland; Cubberly, Paul (2006), The Slavic Languages, Cambridge: Cambridge University Press, ISBN 0-521-22315-6

Поврзано

уреди