Фобетор („страв“), (Икел или Икелос) во старогрчката митологија, е еден од Онеирите, персонификација на кошмарните соништата.

Според Хесиод,[1] Фобетор е син на Никта, божицата на ноќта која го родила сама, по пат на партеногенеза, додека според Цицерон,[2] татко е Ереб, богот на темнината.

Фобетор има способност да се појавува во светот на смртниците под маската на разни животни и да ја промени нивната форма за да комуницира со нив откако ќе се разбудат. Тој е персонификација на кошмарите и во соништата се појавува во форма на животни и чудовишта.

Меѓу боговите, тој е познат под вистинското име Икел („привид“). Заедно со своите браќа, тој престојува во земјата на соништата, дел од подземјето.

Наводи

уреди
  1. Хесиод, Теогонија, 212
  2. Цицерон, De Natura Deorum 3.17.