Флорет (француски: fleuret) — вид ладно оружје кое се користи во мечувалството. Ова е најчестото оружје по натпреварите, како и по клубовите како почетничко оружје.

Делови на флоретот

Делови

уреди

Флоретот е предвиден за бодење, а бод се зема со тоа што се притиска врвот на оружјето, на кој има прекинувач поврзан со струјно коло. Колото обично е затворено, па така со притискање на врвот (прекинувачот) тоа се отвора и бодот се регистрира на електронска табла — бела боја за удари вон целната површина, каде колото се прекинува но нема друг континуитет, или пак црвена/зелена (зависно од тоа кој мечувалец го вклучил светлото), што означува пренасочување на струјата преку опремата на другиот мечувалец). Острицата е многу тенка, со затапен врв. Денешните натпреварувачи користат техника на грбен удар, кој ја користи флексибилноста на острицата за да го заобиколи флоретот на противникот и да зададе удар на грбот, иако во последно време правилата за ова се променети и реализирањето на ваквиот удар е потешко.

Острицата е доволно флексибилна за да се свитка при бодење на противникот, па така не се случуваат повреди. Постојат два главни вида на дршки за флорет: француски стил, со дршка предвидена за повеќе финеси; и ортопедска, пиштолска дршка, која е најпопуларна меѓу спортските (натпреварувачките) мечувалци. Италијанскиот стил, кој е повеќе предвиден за контрола и моќ, денес е отфрлен кај спортските мечувалци, а современиот начин на мечување не дозволува употреба на ваква дршка. Оваа дршка е дозволена, но ретко се гледа по натпревари.

Историја

уреди
 
Флорет со италијанска дршка. Иако се користи кај класичното мечувалство, спортските мечувалци повеќе не ја користат ваквата дршка.

Современиот флорет потекнува од оружјето за вежбање на ракување со дворски меч, често помошно оружје на господата од XVIII век. Се користеле флорети за рапир, па дури и за долг меч, но тие биле поинакви во тежина и употреба.

Целната површина на современиот флорет е торзото (трупот без екстремитетите). Се смета дека ова води потекло од времето кога немало добра заштитна опрема. Друг фактор кај целната површина е тоа што правилата за флорет произлегуваат од времето на двобои до смрт. Во тоа време претпочитаното место за напад било торзото, каде што се сместени сите витални органи.

Современ флорет

уреди
 
Мечувалец со флорет. Важечката целна површина (торзото) е црвена.

Во современото мечувалство флоретот се користи само за убоди. Ударите со самата острица (наместо со врвот) не се важат. Современиот флорет има просечна должина од 89 см, со стандардизирана, квадратна острица која се стеснува нагоре. За да се освои бод, мечувалецот мора да го допре противникот со врвот од острицата со сила од над 4.90 њутни (500 грама-сила).

За флоретот важат строги правила на предност. Затоа, бодот не оди кај првиот мечувалец кој ќе го убоде противникот, туку кај оној кој боде со предност. Предноста се утврдува кога еден мечувалец почнува со напад. По ова, бранителот се здобива со предност со тоа што ќе избегне убод (на пр. со парада), па ќе започне противнапад (наречен „рипост“, одговор). Првиот напаѓач ја задржува предноста ако рипостот на бранителот не успее. Предноста продолжува наизменично да се разменува помеѓу мечувалците сѐ додека не се добие бод.

 
Од јануари 2009, целната површина се проширува и на дел од портиклата под хоризонталната линија на ниво на рамењата, 1.5 до 2 cm под брадата.

Како и кај другите мечувалски оружја, при мечувањето со флорет мора да се носи заштитна опрема; ова е јакна, ракавица, маска и панталони. Кај електричното мечување, за да добие бод, мечувалецот мора да притисне со врвот од острицата на мрежестата јакна на противникот (наречена „ламе“).

Од скоро време ФИЕ го промениле тајмингот во бодовата кутија со цел на минимизирање на грбниот удар. Пред тоа бодот се регистрирал дури и со прилично рамно притискање на врвот од острицата, а сега тоа е потешко заради временското растојание помеѓу убодот и регистрирањето на бодот. Сега врвот мора да стои притиснат барем 15 милисекунди, што се чини незначително малку, но впрочем доволно за зачајно намалување на бројот на ваквите удари.

Стил на игра

уреди

Мечувањето со флорет е еден вид на компромис помеѓу меч и сабја бидејќи содржи подеднакви елементи од обете.

Како и сабјата, флоретот се води по правилата на предност. Заради ова, голем дел од мечувањето се состои од борба за предност. Кога еден мечувалец напаѓа, противникот се обидува да му парира на нападот, и, ако успее, да рипостира (одговори). За да ја избегне парадата, напаѓачот може да употреби неколку тактики, како обиколки или купеа, кои се различни начини за одбегнување на противничката острица. Исто така некои напади може да почнат без присуство на оружје, т.е. напаѓачот напредува држејќи го оружјето на страна, на растојание каде противникот не може да му парира. Крајната цел на ваквиот напад е да се убоде противникот за време кое е премногу кратко за тој да може да изреагира. Заради точниот ред и тајминг на потезите во мечувањето со флорет, ако еден мечувалец не ги изведе потезите како што треба, ова често резултира во убод од страна на противникот.

Меѓутоа мечувањето со флорет е значајно побавно од мечувањето со сабја, бидејќи е потешко да се освојуваат бодови со врвот од оружјето. Како таков, флоретот наликува на меч. Мечувалците не се стремат само да убодат, туку мораат и сето време да внимаваат на отворањето. Исто така, како и кај мечот, мечувалците со флорет можат да прекрстуваат со нозете. Затоа, кај обете оружја често се употребува тактиката наречена „флеш“.

Олимписки медалисти — Пекинг 2008

уреди

Ова е список на медалисти (мажи и жени) во дисциплината флорет на натпреварите во мечување на Летните олимписки игри 2008.

Флорет — мажи
Злато Бенјамин Клајбринк
  Германија
Сребро Јуки Ота
  Јапонија
Бронза Салваторе Санцо
  Италија

Флорет — жени
Злато Валентина Вецали
  Италија
Сребро Нам Хјун-Хи
  Јужна Кореја
Бронза Маргерита Гранбаси
  Италија

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди