Флората на Македонија - го претставува сиот растителен свет, односно сета растителност на територијата на Македонија. Претставена е со околу 210 семејства, 920 родови и околу 3.700 видови. Најзастапена група се скриеносемениците, со околу 3.200 видови, проследени од мововите (350 видови) и папратите (42).

Молика (Pinus peuce) - едно од најпрепознатливите дрва во Македонија
Карта на растителноста во Македонија

Фитогеографски, Македонија ѝ припаѓа на илирската покраина на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Според Светскиот фонд за природа (WWF) и Дигиталната карта на европски еколошки региони на Европската агенција за животна средина, територјата на Република Македонија може да се подели на 4 екорегиони: пиндски мешани шуми, балкански мешани шуми, родопски мешани шуми и егејски тврдолисни[1] и мешани шуми.

Бројчена застапеност на растителните семејства, родови и видови

уреди

Сите родови и видови на растенија што виреат во Македонија се претставени во делото „Флора на Република Македонија“ од академикот Кирил Мицевски,[2] еден од најважните ботаничари во Македонија.

Група Семејства Родови Видови Подвидови, сорти, облици Сите таксони
Џигерници 29 42 66 - -
Роговници 1 1 1 - -
Мовови 34 124 330 - -
Црвоточни 3 5 6 - 6
Членестостеблени 1 1 7 13 20
Папрати 15 21 42 18 60
Голосеменици 4 6 15 7 22
Скриеносеменици
*Дикотиледони
*Монокотиледони
120
102
18
720
565
155
3.200
2.600
600
1.700
1.500
200
4.900
4.100
800
Вкупно растителни таксони 210 920 3.700 1.740 5.350

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. наречени и „склерофити“
  2. Мицевски, Кирил (1981-). подг. Владо Матевски (уред.). Флора на Република Македонија. Скопје. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди